Слаткиот костен најчесто се користи како пире за десерт, иако од нив може да направите многу други вкусни јадења.
Покрај тоа, слатките костени имаат антиоксидантни својства, богати се со витамините Б1, Б2, Б6 и Е, а изненадува фактот дека содржат витамин Ц колку и малините и црвени рибизли. Содржат натриум, калиум, калциум и фосфор, а изобилуваат и со растителни влакна, па затоа дефинитивно треба да ги консумираме. Малкумина знаат дека од нив се прави одлична супа, а во нивниот карактеристичен, необичен вкус не треба да се ужива само во зима.
Состојки:
- 2 1/4 шолји лупени благи костени
- 1 супена лажица путер
- 1 страк праз
- 1 страк целер
- 1 пашканат
- 1 чешне лук
- 1 2/3 шолји зеленчукова супа
- 3,5 супени лажици суво бело вино
Подготовка:
Излупете, насечете и потпржете го зеленчукот со малку путер на тивок оган. Додајте ги ситно исецканите костени и по неколку минути пржење со мешање, истурете го виното. Додајте ја зеленчуковата супа, и кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе околу 20 минути. Измешајте со рачна мешалка или блендер додека не добиете кремаста текстура, а потоа зачинете со сол по вкус. Препорачуваме да сервирате со мајчина душица и пржени коцки леб со путер, крцкава сланина и кисела павлака.
Извор:
67 Étterem (www.67etterem.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.