Bundt тортата може да биде омилен семеен доручек за викенди. Bundt тортата потсетува на поедноставни, посреќни времиња и на вкусот и мирисот на бабиното готвење од нашето детство.
Време е да дознаеме: печењето на bundt торта не е научна фантастика. Секако, неопходно е да имате квалитетна тава за торти, затоа, ако ги чувате старите садови за семејни торти, време е и да ги искористите. И покрај тоа, една работа е неодминлива, мора добро да ја намачкате тавата со путер. На тој начин ќе бидете сигурни дека тортата ќе се излизга надвор од тавата кога ќе ја испечете. За оваа верзија потребни се чоколадо, бадеми и слатко од кора од портокал, но слободно додавајте шеќер и зачин и сè што мислите дека е убаво. Но, дури и да не додадете ништо, сепак ќе имате превкусен сладок појадок.
Состојки:
- 2 шолји брашно
- 1 1/4 шолји шеќер
- 2 парчиња и 2/3 унци (250 гр) путер
- 4 цели јајца
- 1 кафена лажица екстракт од ванила
- 1 кафена лажица прашок за пециво и 1 кафена лажица сода бикарбона
- 1/2 кафена лажица цимет
- една рака исчистени и исецкани бадеми
- 2/3 шолја квалитетно темно чоколадо во зрна
- една рака кандирана кора од портокал
Подготовка:
Измешајте ги шеќерот, екстрактот од ванила, путерот и циметот во блендер за храна. Внимателно ставете го брашното измешано со средствата за печење и мешајте додека не се добие една смеса. Ако сакате потемна торта, ставете малку незасладено какао во прав. Додајте ги зрната темно чоколадо, бадемите и кандирана кора од портокал (или што и да сакате). Добро измешајте. Потоа со лажица префрлете ја смесата во тавата подмачкана со путер и печете еден час на 175 степени во претходно загреана рерна. Кога ќе се испече, само ставете ја на решетка да се излади. Ако тавата била добро подмачкана, тортата сама ќе се излизга од неа. Попрскајте со шеќер во прав или со стопено чоколадо.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.