За карфиолот често се мисли дека е зеленчук што ќе ве подуе.
Но, ако го бланширате, тоа нема да се случи. Напротив, ќе имате многу здравствени придобивки. Карфиолот е богат со растителни влакна. Поради ниското ниво на калории, тој е одличен за оние кои се на диета. Постојат многу причини да јадете карфиол, приготвен на најразлични начини како што е овој рецепт за брза вегетаријанска вечера.
Состојки:
- 1 карфиол
- 2 шолји мини моцарела
- 2 шолји мешано рендано сирење (гауда, ементал, чаден кашкавал)
- 2 шолји обичен јогурт
- 100 gr млечен крем (крем за кафе)
- 2 цели јајца
- сол, бибер, морски оревчиња
Поделете го карфиолот на парчиња, измијте ги, а потоа варете ги во зовриена вода 20-30 минути. Во меѓувреме, искршете ги јајцата во сад и убаво изматете ги, додавајќи јогурт и кремот. Зачинете со сол и бибер по вкус и малку морски оревчиња ако сакате. Во оваа смеса измешајте и една шолја рендано сирење. Наредете ги парчињата карфиол во тепсија и врз нив истурете ја смесата со сирење. Исечете ги топчињата моцарела на половина и распрснете ги врз карфиолот. Добро измешајте така што моцарелата да биде рамномерно распределена. Одозгора посипете го остатокот од рендано сирење и печете во рерна 30-40 минути на 205 степени.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.