зелено-смути

Зелено смути

Зеленото смути е веројатно најздравиот појадок што постои. Се подготвува за само 10 минути и е толку разноврсно што може да правите различна верзија секој ден.

Можеби ќе ви треба време да се навикнете на зелената боја, но вкусот е одличен. Ако користите два вида зеленчук и два вида овошје, вашиот ден ќе започне со хранлив пијалок кој е богат со растителни влакна, безброј витамини и минерали, но и вкусен со доволно енергија да го зграпчите денот!

Состојки:

  • зеленчук: краставици, стебленца од целер, брокула, спанаќ, тиквички, марула, авокадо
  • овошје: банани, сите видови шумско овошје, јаболко, диња, праска, ананас
  • 2 супени лажици кокосово масло
  • 1 кафена лажица ксилитол, шеќер од стевиа, јаворов сируп или сируп од агава
  • 1 шолја вода, кокосова вода или млеко од бадеми
  • билки: магдонос, босилек, нане
  • малку мелен ѓумбир или 5 ml сок од лимон
зелено-смути

Подготовка:

Излупете го овошјето и зеленчукот и ставете ги во блендерот за храна (или во длабок сад ако користите рачен блендер). Ако користите потврд зеленчук, добро е претходно да го изрендате или исецкате. Додајте малку течност и малку засладете. Ако сакате да експериментирате, додајте некои билки или сок од лимон. Добро измешајте и уживајте. Слободно може да експериментирате со состојките.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.