Рижото со аспарагус

Рижото со аспарагус

Еден од најголемите подароци на пролетта е аспарагусот, кој не само што е вкусен, туку е и неверојатно здрав, заради невообичаено високото количество на витамини и минерали.

Исклучително е богат со калиум, магнезиум, железо, витамини Б и Ц и е исклучително нискокалоричен. Аспарагусот е лесно сварлив зеленчук. Богат е со растителни влакна кои го подобруваат варењето.

Главната работа: не треба да го лупите зелениот аспарагус - доволно е да ги отсечете тврдите краеви. Само скршете го аспарагусот кај што се дели - долниот дел е тврд и треба да го фрлите. Белиот аспарагус треба да го излупите со остар нож или нож за лупење и да ги отсечете краевите. Најдобар начин за готвење на аспарагус е во солена вода, во двојно тенџере на пареа. Така ќе добиете најубав вкус... за комплетно да уживате во ова рижото.

Состојки:

  • 1 рака аспарагус
  • сол, бел бибер
  • растително масло
  • неколку млади кромитчиња
  • 1 1/3 шолји ориз
  • 1 шолја пилешка супа
  • 3-4 супени лажици италијанско крем сирење (mascarpone)
Рижото со аспарагус

Исчистете и насечете го младиот кромид, па потпржете го во малку масло. Истурете го измиениот ориз и пржете го додека не обели, а потоа истурете ја пилешката супа (или жешка вода и коцка за бујон). Додајте малку сол и бибер и гответе со покриен капак. Исчистете го аспарагусот според горенаведеното упатство и варете го во врела вода додека не биде готов. Насечете го аспарагусот на парчиња од околу 2,5 cm, и промешајте ги со рижотото и гответе сè заедно уште неколку минути. Додајте неколку лажици крем сирење и ќе добиете убаво кремасто рижото. Покријте и почекајте малку, но сервирајте додека уште е топло.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.