Сендвич со киви и урда

Сендвич со киви и урда

Растението киви порано било украс во европските ботанички градини, но кога беше вкрстени со огромните лози во Нов Зеланд, се доби вкусното освежувачко овошје кое го освои светот.

Само едно парче киви содржи 100% од нашите дневни потреби за витамин Ц, затоа особено го препорачуваме како дел од вашата зимска исхрана. Високото количество на растителни влакна придонесува за добро варење. Со оглед на тоа дека едно парче киви содржи само 42 калории, тие се совршени за луѓе на диета. Кивите зреат во овошната корпа каде што се чуваат, така што не се обесхрабрувајте ако кивите во маркетот се тврди. Ќе созреат и омекнат за неколку дена на собна температура. Тврдите киви се кисели и освежувачки, што ги прави совршени за здрав сендвич за појадок, доколку сакате да паузирате со смутиња и овошни салати.

Состојки:

  • 8 парчиња интегрален леб со семки
  • 1 шолја урда
  • 4 киви
Сендвич со киви и урда

Насечете тенки парчиња од интегралниот леб со семки и намачкајте урда одозгора. Слободно додајте и билки по ваш избор. Излупете ги кивите, исечете ги на тенки парчиња и ставете ги врз урдата.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.