Прокељот е како мини зелка. Зеленчук сличен на овој, бил составен дел од античката римска исхрана. Подоцна почнал да се користи во холандските земји, па затоа и името на англиски е Brussels sprout.
Прокељот не е омилен - многу луѓе не би го допреле ни од далеку, а речиси е невозможно да ги натерате децата да го јадат. Но, кога ќе научите убаво да го припремате, односно, ако се подготвува на пареа, несомнено ќе го засакате. Не само заради неговиот убав вкус, туку и заради тоа колку е здрав. Содржи многу витамин Ц: само 2/3 шолја ја задоволува препорачаната дневна количина на витамин Ц. Ги содржи и витамините А и К, фолна киселина и растителни влакна, како и калиум, витамини Б1, Б2, Б6 и Е, и бакар и калциум. Прокељот е шампион за витамини и минерали. Поради високата содржина на растителни влакна, минерали и витамини, тој треба да биде составен дел од секоја исхрана и се препорачува за бремени жени. Специјалитетот подолу е брз и лесен за правење.
Состојки:
- 900 gr прокељ
- 50 gr путер
- маслиново масло
- ставете сол и бибер по вкус
- 200 gr шунка
- 3-4 супени лажици мед
Измијте го прокељот, отсечете ги стебленцата и попарете го со врела вода. Обарете го во тенџере 5 минути. Во меѓувреме, стопете го путерот во тава, додајте го маслиновото масло и потпржете ја насечената шунка додека не добие кафеникава боја. Исцедете го прокељот и додајте го во тавата. Ставете сол и бибер по вкус. Добро измешајте ги сите состојки во тавата, а потоа посипете неколку супени лажици мед врз нив и гответе на пареа уште неколку минути. Не се тревожете, медот нема да го направи јадењето слатко - само ќе ја неутрализира солената шунка и лутата пиперка. Ова јадење е одлично за вечера, но може и да го јадете за ручек.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.