Вреди да почнете да го јадете авокадото редовно бидејќи е исклучително здраво и вкусно.
Авокадото е одличен извор на витамините Е и Ц и е богато со незаситени масти. Поради високото количество на протеини, авокадото е многу хранливо и е богато со бета-каротен, магнезиум, фолна киселина и витамин К. Не е баш нискокалорично, но не треба да го јадете во големи количини. Убаво се подготвува на повеќе начини. Ако омекне во овошната кошница, само измешајте го со кисела павлака и ќе добиете предобра маска за лице. Зелената маска можеби ќе изгледа малку смешно на нашата кожа, но кога ќе ја тргнеме кожа ќе ни биде негувана, хидрирана и освежена. Пробајте и уверете се.
Состојки (за 4 лица):
- 1 авокадо
- мало пакување шери домати (или 2-3 големи домати)
- 1 бела бабура
- 1-2 млади кромитчиња
- 1 лимета
- 1 супена лажица сладок сос од чили
- 1 конзерва туна
- 2 тврдо варени јајца
- сол, бибер, свеж магдонос
Исецкајте ги кромитчињата на ситно. Пресечете ги шери доматите на четири (големите домати на ситни коцки). Исечете ја белата бабура на ситни парчиња. Измешајте го зеленчукот, додајте сол и бибер и посипете сладок сос од чили (ќе го најдете во азиските продавници - многу е вкусен, вреди да го најдете) - салатата нема да биде лута, туку само малку ќе налутнува. Исцедете ја туната и додајте ја во салатата. Најпосле, со лажица извадете го авокадото, попрскајте со сокот од лимета и додајте го во салатата. Гарнирајте со кружно насечените варени јајца, малку магдонос и сервирајте со потпечени парчиња леб.
Извор:
Anyakanyar (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.