Пестото е едно од најлесните, но и највкусни чуда на италијанската кујна.
Се верува дека потекнува од провинцијата Лигурија, но според ракописите, било познато и користено во средниот век и претежно се јадело со тестенини. И покрај тоа што пестото оди многу добро со јадења со компири и месо, сè уште најмногу се комбинира со шпагети. И да, битно е какви се тестенините: колку се потенки, толку подобро се премачкуваат со песто. Најпопулариот тип е песто геновезе, направен од босилек, пињоли, лук, маслиново масло и, се разбира, пармезан. Запомнете го бројот пет кога правите песто, и покрај тоа што има отстапување со количините. Пињолите, кои се малку скапи, може да се заменат со кој било друг вид јаткасти плодови, на пример ореви, бадеми, лешници или дури и семки од сончоглед. Наместо лук, може да користите див лук или млад кромид, или да ги изоставите овие состојки ако ви пречат. И свежиот босилек може да се замени со други зелени билки, на пример, како што е во овој рецепт, со магдонос. Две состојки се многу битни и незаменливи: пармезанот и маслиновото масло. И двата се неопходни за добро песто.
Пестото со магдонос ќе има малку поблаг вкус од она базирано на босилек, но содржи многу каротин, витамини Ц и Е и минерали, затоа оваа варијанта се препорачува за зимските месеци. За да го подобрите пестото уште повеќе, направете го со лешници. Класичното песто се прави во толчник, но може да употребите и блендер за храна: така ќе го направите помазен и покремаст.
Состојки:
- 20-22 гранчиња магдонос
- 2-3 шолји излупени кикиритки
- 2-3 шолји пармезан
- 1 чешне лук
- маслиново масло
- 450 gr шпагети (интегрални или спелта пченица)
- 2-3 зрели домати, сецкани на парчиња
Подготовка:
Испечете ги кикириките во сува тава или тепсија. Измијте и ситно исецкајте го магдоносот. Ставете ги и кикиритките и магдоносот во блендер за храна, додајте чешне излупен и толчен лук, пармезан и доволно маслиново масло за да се добие кремаста мешавина. Пестото ќе биде готово за неколку минути - во меѓувреме варете ги шпагетите. Откако ќе ги исцедите тестенините, веднаш додајте ги пестото и исечените домати. Добро измешајте. Прекрасно, лесно и вкусно јадење за вечера или ручек.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.