Постои десерт што сигурно било едно од првите улични јадења во светот, иако никој не го нарекувал така кога за прв пат се појавило на тезгите по селата или на црковни саеми и разни настани.
Се зборува дека вафли имало уште во средниот век. Вафлите се откритие на фламанските пекари кои го подготвувале вишокот тесто меѓу железни плочки. Може да се приготват на повеќе начини. Во некои земји во рецептот се користи путер, на други места тоа е само погусто тесто за палачинки. Едно е сигурно: добрите вафли се крцкави однадвор и меки одвнатре. Имаат најдобар вкус кога се златно кафеави, попрскани со шеќер во прав или сервирани со џем, крем од чоколадо или намаз од лешници. Еве една поздрава варијанта: денот ќе ви почне одлично со вафли од овес за појадок! Покрај високото количество на протеини, овесот е исто така богат со витамини Б и Е, железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум. Бидејќи е богат со растителни влакна, овесот прави да се чувствуваме најадени со внес на помала количина храна.
Состојки:
- 1 1/2 шолји овес
- 3/4 шолја брашно
- 3 големи јајца
- малку сол
- 10 супени лажици млеко
- 2 1/2 кафени лажици прашок за пециво
- 1 1/3 супена лажица шеќер
- (дополнителни 5 супени лажици шеќер и 1/3 супена лажица екстракт од ванила за поблаги вафли)
Подготовка:
Измелете го овесот на ситно во блендер, а потоа измешајте го со останатите суви состојки. Одвојте ги јајцата и изматете ги жолчките со шеќер додека не станат кремасти (може да додадете и екстракт од ванила), потоа додајте го млекото. Матете ги белките од јајцата додека не станат кремасти. Внимателно помешајте ги двете смеси од јајцата, а потоа ставете ги сувите состојки. Треба да добиете густа смеса за палачинки. Ставете малку путер на апаратот за вафли, а потоа со црпалка ставете од смесата. Имајте на ум дека смесата ќе нарасне од прашокот за пециво, па затоа не ставајте премногу. Печете ги вафлите 4-5 минути. Ако ги сакате солени, сервирајте ги со обичен јогурт. Слободно може да измешате малку шеќер и екстракт од ванила во јогуртот, ако сакате да бидат слатки. Со оваа комбинација на овес и јогурт за појадок добивате енергетски почеток на денот.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.