Дали сум болен/на?

Срцевиот инфаркт не претставува ризик само за мажите. поголемо внимание треба да посветиме и кај жените.

Private
Public

Општо е познато е дека кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот. Ни жените не се поштедени. Затоа е потребно да поведеме поголема грижа за нив. Прочитајте го овој текст и дајте и Вие придонес во рано препознавање на знаците на срцев инфаркт кај жените.

  • PP-ASP-MK-0073-1 18.02.2022
Постара жена ѝ го допира срцето
Срцевиот инфаркт не претставува ризик само за мажите. поголемо внимание треба да посветиме и кај жените.

Срцевиот инфаркт не претставува ризик само за мажите. поголемо внимание треба да посветиме и кај жените.

Општо е познато е дека кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот.(4) Ни жените не се поштедени. Затоа е потребно да поведеме поголема грижа за нив. Прочитајте го овој текст и дајте и Вие придонес во рано препознавање на знаците на срцев инфаркт кај жените.

 

Дали сте знаеле?

  • Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт кај жените во Европа и во светот. Во споредба со мажите, кардиоваскуларните болести кај жените честопати се недијагностицирани и нелекувани.(1)
  • Срцевиот инфаркт е одговорен за една третина од смртните случаи кај жените во светот и има полош исход и повисока смртност кај нив.(1)
  • Жени на возраст под 65 години умираат два пати повеќе од кардиоваскуларни болести, отколку од карцином на дојка.(1)
Постара жена ѝ го допира срцето

Која би била можната причина за повисоката стапка на смрт од срцев инфаркт кај жените?

  • Честопати, жените доцна ги препознаваат знаците на срцев инфаркт , бидејќи клиничката слика може да биде различна и да се постави погрешна дијагноза или да се поврзе со симптоми поврзани со стрес.(1)
  • Жените многу помалку се изучувани во клинички студии и затоа многу помалку се знае за нив.(1)
  • Заради специфичноста на појавата на првите симптоми, неодамнешна студија покажа дека дури 41% од жените чекале подолго од 12 часа пред да повикаат Итна медицинска помош.(1)
  • Според една студија од Универзитетот од Оксфорд, покачениот крвен притисок, пушењето цигари (статусот и интензитетот) и дијабетесот дополнително го зголемуваат ризикот за срцев инфаркт кај жените отколку кај мажите.(4)

 

Дали само повозрасните жени имаат ризик од срцев инфаркт?

Појавата на срцев удар е поретка кај помладите жени во однос на мажите, но инциденцијата се изедначува како што одминува возраста кај нив.(4)

 

Една студија од САД покажала дека расте стапката на смртност од срцеви заболувања кај жени под 65 годишна возраст. Додека стапката на смртност од карцином покажала опаѓање, смртноста од срцеви заболувања од 2010 година продолжила да расте.(3)

 

Младите жени сѐ помалку се грижат за своето здравје. Студија покажала дека тие се многу помалку свесни и помалку информирани за факторите на ризик за развој на срцево заболување пред да добијат срцев инфаркт, отколку мажите.(3)

 

Доколку не се превземат јавни здравствени мерки за намалување на кардиоваскуларните ризик фактори, фокусирајќи се на високоризичните групи, смртноста од срцевите заболувања може да ја надмине смртноста од карцином кај помладите жени.(3)

 

Што би можеле да направиме?

  1. Треба сериозно да ја сфатиме појавата на некои симптоми кај жените, кои можат да укажуваат на болест на срцето и/или срцев инфаркт. За разлика од срцевиот удар кај мажите, кој предизвикува силна болка во градите и промена која се забележува на ЕКГ, кај жените срцевиот инфаркт може да има поинакви симптоми. Тромбот не ја блокира артеријата целосно, симптомите се суптилни, наодите од ЕКГ се различни, така што овие жени честопати не се дијагностицираат и се враќаат дома (5)
  2. Жената има голема улога во грижата за семејството, децата, родителите и сите нејзини членови и честопати дава предност на здравјето на нејзините најмили пред сопственото здравје. Но, жените мора да поведат грижа и за себе, бидејќи голем дел од срцевите болести доколку навреме се откријат, можат да се превенираат.(3)
  3. Повеќе физичка активност, правилна исхрана, престанок со пушење, како и контрола на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и телесната тежина може да помогнат во превенција на кардиоваскуларните болести.(3)
  4. Ако се сомневате на појава на некое кардиоваскуларно заболување, консултирајте го вашиот лекар.
  5. Aко пак, имате некаква кардиоваскуларна болест, тогаш следете ги советите од вашиот лекар, редовно земајте ги препишаните лекови и соодветно сменете го вашиот животен стил.

 

постар пар кој спортува заедно

Референци:

PP-ASP-MK-0073-1 18.02.2022

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Срцевиот инфаркт не претставува ризик само за мажите. поголемо внимание треба да посветиме и кај жените.

Зошто болката во градите треба да ја сфатите сериозно

Private
Public

Стабилната ангина пекторис, т.е. болка во градите, е најчеста манифестација на исхемично срцево заболување. Терминот потекнува од грчкиот збор „ankhon“, што значи „затегнување“, а латинскиот збор „pectus“, значи „гради“, што буквално значи чувство на затегнатост во градите.

  • Approval number
Зошто треба сериозно да ја сфаќате болката во градите

Зошто болката во градите треба да ја сфатите сериозно

Стабилната ангина пекторис , т.е. болка во градите, е најчеста манифестација на исхемично срцево заболување. Терминот потекнува од грчкиот збор „ankhon“, што значи „затегнување“, а латинскиот збор „pectus“, значи „гради“, што буквално значи чувство на затегнатост во градите.

Зошто треба сериозно да ја сфаќате болката во градите


Во денешната медицинска терминологија, ангина пекторис е дефинирана како привремена болка во градите или стегање во градите што се јавува поради недоволно снабдување на срцевиот мускул со кислород, што трае неколку минути и престанува ако пациентот остане во мирување.

Недоволното снабдување на срцевиот мускул со кислород резултира со зголемена побарувачка на кислород од страна на срцевиот мускул при физички напор (стабилна ангина ); а понекогаш, срцевиот мускул бара повеќе кислород и заради психички стрес, студен воздух или јадење (провоцирана ангина).

Типови на ангина пекторис

Во зависност од симптомите што ги доживува пациентот, ангина пекторис се класифицира како типична, атипична или екстракардијална.

Типичната ангина пекторис се карактеризира со следново:

  • Болка и/или непријатност под градната коска, во вратот, вилицата, рамото или раката
  • Овој симптом се активира при физички напор или психички стрес
  • Болката или непријатноста исчезнуваат во мирување или по пиење на нитроглицерин.

Атипичната ангина пекторис се карактеризира со тоа што има две од трите горенаведени карактеристики.

Во случај кога болката во градите е екстракардијална, т.е. не е локализирана во срцето, има само еден или евентуално ниту еден од типичните симптоми.

Начини на лекување

Стратегијата за лекување на стабилната ангина пекторис напредувала многу во последниве години. Кога ја одредуваат терапијата, лекарите не се водат само од потребата да се ублажат симптомите, туку во предвид се земаат и други фактори. Лекувањето се фокусира не само на абнормалните промени во крвните садови, туку и на оштетувањето на срцевиот мускул. Може да се користат повеќе лекови за да се ублажат симптомите на ангина пекторис, да се намали нивната честота, да се намали честотата и присилните контракции на срцевиот мускул и да се спречат васкуларните грчеви. Лекарите се стремат да го подобрат исходот преку превенција на сериозни компликации како што е миокарден инфаркт или смрт. Прогнозата може да се подобри преку примена на антитромботични лекови (лекови кои го инхибираат слепувањето на тромбоцитите, меѓу кои е Аспирин® Протект 100), како и преку намалување на нивото на лош холестерол (LDL-C). Во одредени случаи, може да бидат потребни дополнителни интервенции, вклучувајќи ангиопластика (употреба на катетер за проширување на крвен сад) и операција за бајпас , но овие процедури не се соодветни за сите.
За пациентите со дијабетес кои имаат и стабилна ангина пекторис потребна е специјална нега. Кај овие пациенти, симптомите на ангина имаат тенденција да бидат многу благи. Ова е делумно затоа што една од најчестите компликации на дијабетесот - невропатијата (губење на функцијата на сетилните нерви) честопати влијае на функционирањето на кардиоваскуларниот систем. Ова спречува пациентите да чувствуваат силно, болно стегање во градите кое е карактеристично за ангина пекторис, иако со 24-часовен ЕКГ се откриваат исхемични епизоди (периоди на недоволно снабдување со кислород).1

Зошто треба сериозно да ја сфаќате болката во градите

Што можете да направите за да ја подобрите вашата состојба?

Прво и најважно, секој што сè уште пуши цигари треба веднаш да престане. Постои јасен доказ дека пушењето е најважниот фактор на ризик за повторно појавување на коронарна артериска болест. Престанокот на пушењето целосно ги ублажува симптомите и ја подобрува прогнозата.
Исто така, треба редовно да го проверувате Вашиот липиден статус. Здравата исхрана може да го намали и целокупното ниво на холестерол и нивото на „лош холестерол“ (LDL), а со тоа да го намали и ризикот од коронарна артериска болест. Исто така, добро е да се изгуби вишокот телесна тежина, така ќе се подобри здравјето на срцето и на кардиоваскуларниот систем.
Важно е и да се нормализира телесната тежина затоа што гојазноста, особено ако е локализирана во абдоминалниот регион, во голема мера го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Затоа, неопходно е да вежбате редовно, што помага да се нормализира телесната тежина. Вежбањето ги зголемува и физичките способности на пациентите со ангина пекторис , ги ублажува нивните симптоми, го подобрува нивниот крвен притисок и има позитивен ефект врз целокупниот метаболизам . Срцата на оние што вежбаат имаат подобра коронарна циркулација, пулсот при мирување е помал, а поповолен е односот помеѓу пулсот при одмор и работа. Редовното вежбање исто така штити од влошување на дијастолната функција на левата комора кое настапува со возраста. Покрај тоа, вежбањето ќе го намали ризикот од инфаркт и придонесува за подобар исход кај пациентот. Кога правите програма за вежбање, секогаш треба да се консултирате со Вашиот лекар, кој ќе ги процени Вашите физички способности и сериозноста на симптомите и ќе ви даде личен совет за препорачаното ниво на физичка активност.
И психолошките фактори може да играат голема улога во провоцирање на напади на ангина пекторис. Самата дијагноза ангина пекторис може да предизвика вознемиреност. Постојат повеќе техники за релаксација и други методи кои може да бидат многу корисни во справувањето со стресот. За жал, многу луѓе се наклонуваат кон алкохолот за да ја намалат својата вознемиреност. Меѓутоа, наместо да ги реши нивните проблеми, алкохолот може да биде извор на дополнителни проблеми. Постои општоприфатена заблуда дека алкохолот е добар за срцето. Иако една мала чаша црвено вино на ден може навистина да биде корисна, редовното консумирање на големи количини алкохол може да го зголеми ризикот од повеќе срцеви заболувања и е особено штетно за луѓето со хипертензија или со конгестивна срцева слабост . Иако земање на мали до умерени количини алкохол (1-2 чаши на ден) не го зголемува ризикот од миокарден инфаркт, количините алкохол кои се >100 g неделно, се поврзани со зголемена кардиоваскуларна смртност.1 

Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Една таблета на ден, кога се пие редовно, го инхибира слепувањето на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт кај лица со зголемен ризик.2 Актуелните докази поддржуваат примена на дневни дози Аспирин® од 75-100 mg за превенција на исхемични настани кај пациенти со коронарна артериска болест кои прележале или не прележале миокарден инфаркт.1

Не го занемарувајте овој проблем. Не чекајте да дојде до оштетување на организмот, па потоа да реагирате.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт

Референци:

  • (1) Knuuti J, Wijns W, Saraste A, et al. 2019 ESC Guidelines for the diagnosis and management of chronic coronary syndromes. Eur Heart J. 2020;41(3):407-477. doi:10.1093/eurheartj/ehz425. Return to content
  • (2) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Зошто болката во градите треба да ја сфатите сериозно

Што е срцева рехабилитација?

Private
Public

Не е доволно да преживеете миокарден инфаркт, кардиоваскуларен настан или операција на срце, мора да се потрудите тоа да не се повтори.

  • Approval Number
Што е срцева рехабилитација?

Што е срцева рехабилитација?

Не е доволно да преживеете миокарден инфаркт , кардиоваскуларен настан или операција на срце, мора да се потрудите тоа да не се повтори.

Секако дека не мора сами да учите како да го направите ова, затоа постои рехабилитацијата. Рехабилитацијата е сложена програма и во овој период на заздравување и закрепнување, повеќе специјалисти соработуваат за да ви помогнат да се вратите во вашиот секојдневен живот. Неколку седмици во болница го продолжуваат животниот век на пациентите, бидејќи така се намалуваат ризиците од повторен инфаркт или повторување на срцевите проблеми.

Срцевата рехабилитација се состои од три фази, и помага во намалување на смртноста, хоспитализациите, здравствената грижа и подобрување на капацитетот на физичка активност, квалитетот на живот и општата благосостојба. Главни компоненти на срцевата рехабилитација се проценката на пациентот, совет за физичка активност, физички вежби/тренинг, совет за исхрана, контрола на факторите на ризик, едукација на пациентот, психолошка поддршка и стручен совет.1

Што е вклучено во рехабилитацијата?

Што е срцева рехабилитација?


Пациентите мора активно да учествуваат во срцевата рехабилитација . Само така тимската работа на лекарот, медицинската сестра, физиотерапевтот, диететичарот, психологот и фармацевтот, ќе биде ефикасна додека тие му помагаат на пациентот за поздрав начин на живот. Целта е на подолг рок да се минимизира ризикот од друг инфаркт или дополнителни срцеви проблеми. На почетокот на програмата се проценува состојбата на пациентот: лекарот ја проучува медицинската историја на пациентот и ја проверува неговата општа и срцева состојба. Потоа се прави програма за рехабилитација. Таа содржи личен план за вежбање, совети за исхраната, поддршка за прекин на пушењето, психотерапија, вежби за релаксација, запознавање со основите на кардиологијата, програма за срцева рехабилитација, совети за активности во слободно време, за сексуалните односи и за справување со стресот.1

Колку време трае рехабилитацијата?

Рехабилитацијата во болница обично трае 3 седмици. Амбулантската програма е подолга, 8-24 седмици. Толку време е потребно за да се завршат сите елементи на рехабилитацијата.

Клучни компоненти се:1,2,3

Проценка на пациентот при лекарски преглед

Вклучува проценка на кардиоваскуарните фактори на ризик, придружните заболувања, психолошкиот стрес, симптомите, адхеренција кон препишаната терапија и физикален преглед кој се состои од мерење на индексот на телесна маса, обем на струкот, крвен притисок, пулс , ЕКГ и лабораториски иследувања.

Совет за физичка активност

Се препорачува пациентот да прави најмалку 2.5 часа неделно аеробни вежби со умерен интензитет поделен во повеќе периоди, секој со траење од најмалку 10 минути во тек на 5 дена во неделата.

Физички вежби/тренинзи

Проценка на капацитетот за физички вежби преку стрес тест во тек на кој нема да се појават симптоми. Овој тест се прави или на ергометарски велосипед или на лента за трчање. Ако не е достапна во клинички услови, се прави евалуација на субмаксимални вежби. Вежбањето мора да биде препорачано врз основа на резултатите од тестовите за физички капацитет на пациентот.

Совет за исхрана

Потребно е да се направи проценка на дневниот калориски внес и содржината на маснотии во исхраната, заситени масти, сол и други состојки.

Контрола на факторите на ризик

Пациентот треба да се охрабри да ја контролира телесната тежина преку соодветно одржување рамнотежа помеѓу физиката активност и калорискиот внес за да се постигне и одржи здрав индекс на телесна маса (<25 kg/m2). 

Потребно е да се направи проценка и на липидниот профил и да се модифицира исхраната и лековите кои се земаат, соодветно.

Потребно е редовно мерење на крвниот притисок во мирување. Ако систолниот крвен притисок во мирување е 140 mmHg или дијастолниот крвен притисок е 90 mmHg, потребни се промени во животните навики. Се препорачува вредностите на крвниот притисок да се движат под 140/90 mmHg, идеално 120-130/80 mmHg, особено во присуство на дијабетес или хронично срцево или бубрежно заболување. Ако систолниот крвен притисок е над 140 mmHg или дијастолниот крвен притисок е над 90 mmHg, и покрај промена на животните навики, потребна е терапија со лекови.

Пушачите треба да престанат со пушење цигари и други форми на тутун. Се препорачува следење, приклучување кон специјални програми за одвикнување и/или фармакотерапија .

Живот по рехабилитацијата

Пациентите обично се способни да живеат исполнет живот по срцева рехабилитација, но важно е да се променат ставовите. Мора да го применувате она што сте го научиле за време на рехабилитацијата, за да ги намалите факторите на ризик. Мора да се откажете од пушењето и да пиете алкохол умерено. Може да спортувате, следејќи ги добиените совети за безбедно вежбање. Не е вистина дека не можете да имате сексуален живот после инфаркт, но има одредени срцеви заболувања кои ја попречуваат сексуалната активност, а кардиоваскуларните заболувања понекогаш предизвикуваат и еректилна дисфункција. Сексуалното советување може да ви помогне да ја обновите и одржувате сексуалната хармонија.

Враќање на работа

Срцевите заболувања може да ја намалат работоспособноста. Обемот на ова намалување се проценува за време на рехабилитацијата. Тие може да добијат и психолошка поддршка да се вратат на работа и да се подготват за можноста нивната состојба да не биде прифатена на работното место.

Патување

Не мора да се откажувате од патувањата ако имате кардиоваскуларно заболување. Сепак, треба да следите неколку правила. Секогаш треба да имате доволно лекови со Вас кога патувате и треба да продолжите со Вашиот нов начин на живот во однос на физичкото вежбање, консумирањето алкохол и исхраната. Ако имате срцево заболување, треба на еден лист да ги напишете информациите за итни случаи и секогаш да го носите со Вас. На него треба да ги наведете името на Вашето срцево заболување, името на лекот што го пиете и што треба да се направи кога не Ви е добро.

Возење

Обично е  дозволено да возите со вграден пејсмејкер или после инфаркт. Сепак, кај некои срцеви аритмии, постои голем ризик за губење на свеста. Во таков случај, Вашиот кардиолог нема да препорача да возите, а тоа ќе биде наведено и во Вашата здравствена книшка. Професионалните возачи треба да имаат медицински сертификат, а проценката на срцевата состојба е дел од прегледите. За нив, дури и помал ризик може да биде основа за недобивање на сертификат.

Референци:

  • (1) Piepoli MF, Corrà U, Adamopoulos S, Benzer W, Bjarnason-Wehrens B, Cupples M, et al. Secondary prevention in the clinical management of patients with cardiovascular diseases. Core components, standards and outcome measures for referral and delivery: a policy statement from the cardiac rehabilitation section of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation. Endorsed by the Committee for Practice Guidelines of the European Society of Cardiology. Eur J Prev Cardiol 2014; 21: 664-81. Return to content
  • (2) Ibanez B, James S, Agewall S, et al. 2017 ESC Guidelines for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation: The Task Force for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation of the European Society of Cardiology (ESC). Eur Heart J. 2018;39(2):119-177. doi:10.1093/eurheartj/ehx393. Return to content
  • (3) Juhani Knuuti, William Wijns, Antti Saraste. 2019 ESC Guidelines for the Diagnosis and Management of Chronic Coronary Syndromes. Eur Heart J. 2020 Jan 14;41(3):407-477. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Што е срцева рехабилитација?

Факти и погрешни верувања за инфарктот

Private
Public

Би сакале да разјасниме некои работи поврзани со инфарктот. Дали се вистинити сите наши верувања за превенција на инфаркт? Дали навистина не претставува закана за жените? Дали инфаркт во семејната историја значи дека сигурно ќе ви се случи и Вам во некој момент? Никако. Ова се две погрешни верувања. Ајде да ги погледнеме фактите.

  • Approval Number
Факти и недоразбирања за инфарктот

Факти и погрешни верувања за инфарктот

Факти и недоразбирања за инфарктот

Би сакале да разјасниме некои работи поврзани со инфарктот. Дали се вистинити сите наши верувања за превенција на инфаркт ? Дали навистина не претставува закана за жените? Дали инфаркт во семејната историја значи дека сигурно ќе ви се случи и Вам во некој момент? Никако. Ова се две погрешни верувања. Ајде да ги погледнеме фактите.

Погрешно верување: Сите велат дека изгледам одлично за мојата возраст; нема шанси да имам ризик од срцев инфаркт или мозочен удар!

Ова не е точно. Добриот изглед не мора да значи дека Вашето срце е во добра здравствена состојба. Дури и највиткото лице може да има некои невидливи фактори на ризик што го става во опасност од кардиоваскуларни заболувања, како што се високо ниво на холестерол во крвта, висок крвен притисок или срцеви заболувања во семејната историја.

Колку повеќе кардиоваскуларни фактори на ризик има едно лице, толку е поголем ризикот од појава на срцев инфаркт. За некои од овие фактори на ризик не можеме да сториме ништо, како што се возраста (постарите луѓе се изложени на поголем ризик од помладите), полот (мажите се изложени на поголем ризик на помлада возраст, додека ризикот за жени се зголемува во постара возраст)1, или семејната историја (наследни ризици). Ако Вашите родители или браќа/сестри страдаат од срцеви заболувања, има голема веројатност дека и кај Вас ќе се појави тоа заболување.

Сепак, постојат некои фактори на ризик за срцеви заболувања кои може да ги контролирате:2

  • Проверувајте го Вашите крвен притисок, шеќерот во крвта и нивото на холестерол. Следете ги лекарските упатства за препишаната терапија .
  • Вежбајте редовно.
  • Хранете се здраво.
  • Ограничете ја консумацијата на алкохол.
  • Одржувајте ја телесната тежина во здрави граници.
  • Справете се со стресот
  • Престанете со пушење.

Ако мислите дека имате повеќе кардиоваскуларни фактори на ризик, закажете лекарски преглед за да разговарате за Вашите здравствени и терапевтски опции. Справувањето со Вашите кардиоваскуларни фактори на ризик може да Ви го спаси животот.

Факти и недоразбирања за инфарктот

Погрешно верување: Срцевите заболувања претежно ги погодуваат мажите

Жените кои имаат менструација се заштитени како резултат на постојаното производство на женски хормони, но кога ќе влезат во менопауза, тие стануваат подложни на срцеви заболувања и за жал, многу бргу ги достигнуваат мажите. Исто така, треба да се нагласи дека жените кои имаат и други фактори на ризик, како што е дијабетесот, се изложени на ист ризик за срцев инфаркт како и мажите.

Погрешно верување: Срцевите заболувања се закана само за постарите лица

Атеросклеротичните плаки составени од холестерол и масти започнуваат да се напластуваат во артериите кон крајот на тинејџерските години или во раните 20-ти години. Како што поминуваат годините, процесот забрзува и може да се влоши заради влијание на дополнителни фактори, како што се нездрава исхрана, пушење или недоволна физичка активност. За жал, континуираното стеснување на артериите, што може да го намали дијаметарот на крвниот сад за повеќе од 70%, предизвикува значителна опструкција, па и целосно блокирање на крвниот сад.

Погрешно верување: Нема да заболам од срцево заболување ако немам фактори на ризик

Општо е познато дека дијабетесот, високиот крвен притисок и пушењето го зголемуваат ризикот за срцев инфаркт. Тие се најзначајните фактори на ризик. Меѓутоа, има и други, кои се исто така важни и треба да се внимава на нив: консумирање многу месо или шеќер, прекумерна консумација на пржена храна, недоволно вежбање и абдоминална дебелина. 2

Погрешно верување: Моите родители живееја над 80 години и немаа срцеви заболувања

Позитивната семејна историја (т.е. ако некој близок член на семејството имал срцево заболување, особено ако тоа било на помлада возраст) навистина го зголемува ризикот од развој на срцево заболување. Сепак, тоа не значи дека некој што никогаш немал срцево заболување во своето семејство може да се чувствува целосно опуштено. Присуството на фактори на ризик и одредени животни навики го модифицираат нашиот ризик за развој на срцево заболување.

Погрешно верување: Високото ниво на холестерол е лошо, ниското ниво на холестерол е добро

Бројката за нивото на холестерол, сама по себе, не ни кажува многу. Важен е типот на холестерол. Зголемените нивоа на LDL или „лош“ холестерол се проблем. Покачени нивоа на HDL, или „добар“ холестерол, од друга страна, го намалуваат ризикот од инфаркт. Покрај тоа, покачените нивоа на триглицериди (неутрална маст) го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.2

Факти и недоразбирања за инфарктот

Погрешно верување: Јас секогаш ги читам нутритивните информации на пакувањето на прехранбените производи и купувам само производи што немаат холестерол. Тoa е доволнo.

Холестерол содржат само прехранбените производи од животинско потекло. Оревите, кокосовото масло и путерот од кикиритки не содржат холестерол, но тоа автоматски не ги прави здрава храна. Тие содржат големи количини на заситени масти, кои црниот дроб ги претвора во холестерол. Имаме поголем број докази кои докажуваат дека трансмастите (произведени од хидрогенизирани растителни масла) се уште полоши за нашето здравје.3-5 Овие масти ги има во маргаринот, колачите и чипсот.

Погрешно верување: Срцевиот инфаркт е проследен со болка.

5-30% од сите случаи на срцев инфаркт немаат ниеден видлив знак и се нарекуваат нем срцев инфаркт.6 Во други случаи, срцевиот инфаркт може да личи  на некоја друга состојба, како што се воспаление на желудникот, вртоглавица или болка во грбот. Нелагодноста што го придружува инфарктот може да помине за неколку часа, но тоа не значи дека срцето не било оштетено. Во општата популација, преваленцијата на нем миокарден инфаркт значително се зголемува со напредокот на возраста (до ˃5% кај возрасни лица). Хипертензијата и дијабетесот се поврзуваат со зголемена преваленција на нем миокарден инфаркт. Кај пациентите со дијабетес без коронарна артериска болест преваленцијата на нем миокарден инфаркт изнесувала околу 4%, но со тенденција на зголемување до 10% кај пациенти со периферна неуропатија, па до речиси 30% во присуство на докажана коронарна или периферна артериска болест.6 Без оглед како ќе се појави срцевиот удар, заканата од него е секогаш со иста големина.

Клучната порака е: Кога се сомневате на нешто, одете на лекар. Подобро да сте сигурни, отколку да се каете.

Погрешно верување: Веќе имав операција на коронарна артерија. Излечен сум!

Фактот дека сте биле на заболекар, кој го извадил расипаниот заб, не значи дека никогаш повеќе нема да треба да ги миете забите. И останатите заби може да се расипат. Истото важи и за срцето. Причините што предизвикале срцево заболување можеби сè уште се присутни (хипертензија, високо ниво на холестерол). Мора редовно да ги пиете лековите, да внимавате на Вашата исхрана и редовно да вежбате. Не заборавајте дека ви е дадена втора шанса за живот. Искористете ја максимално!

Погрешно верување: Моите пријатели ми кажуваат дека никогаш нема да успеам да престанам да пушам цигари.

Глупости. Пушењето не е вистинска, физичка зависност, тоа е лоша навика. Пушењето е една од основните причини за развој на срцево заболување. Добрата вест е, кога еднаш ќе ги оставите, со тек на време се намалува ризикот за инфаркт заради оваа лоша навика. Лицата кои многу пушеле цигари и тоа над 20 пакувања цигари во тек на една година можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести за 39% во тек на 5 години доколку престанат да пушат. Потребни се 5 до 10 години а некогаш и 25 години по прекин со пушењето за да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести толку ниско колку што е ризикот кај лица кои никогаш не пушеле.7 Прекинот на пушење кај лица кои многу пушеле се поврзува со значајно помал ризик од кардиоваскуларни болести во тек на 5 години во споредба со актуелните пушачи. Сепак, во споредба со лица кои не пушеле, ризикот од кардиоваскуларни болести кај поранешни пушачи останува значително висок во тек на 5 години  по престанок со пушењето.7 Тврдењето дека од една цигара нема да ви биде ништо не е точна. Мора целосно да ги оставите цигарите и да кажете не на пушењето..

Погрешно верување: Пациентите со дијабетес тип 2 треба да се грижат за нивото на шеќерот во крвта, а не за нивното срце.

Ова не е точно. Најопасната компликација на дијабетесот е зголемениот ризик од срцеви заболувања и мозочен удар , кои се јавуваат повеќе од двапати почесто кај лица со дијабетес тип 2 отколку кај лица кои немаат дијабетес. Терапевтските водачи и понатаму препорачуваат терапија со аспирин кај лица со дијабетес тип 2 за превенција на прв или повторен кардиоваскуларен настан кај селектирани пациенти. Потребен е индивидуализиран пристап за примена на ниски дози на аспирин и тоа врз основа на проценка на ризикот од кардиоваскуларно заболување и ризик за крварење кај секое лице поединечно.8,9

Референци:

  • (1) Hochman JS, Tamis JE, Thompson TD, et al. Sex, clinical presentation, and outcome in patients with acute coronary syndromes. Global Use of Strategies to Open Occluded Coronary Arteries in Acute Coronary Syndromes IIb Investigators. N Engl J Med. 1999;341(4):226-232. doi:10.1056/NEJM199907223410402. Return to content
  • (2) Piepoli MF, Hoes AW, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts) Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Atherosclerosis. 2016;252:207‐274. doi:10.1016/j.atherosclerosis.2016.05.037. Return to content
  • (3) Mozaffarian D, Katan MB, Ascherio A, Stampfer MJ, Willett WC. Trans fatty acids and cardiovascular disease. N Engl J Med. 2006;354(15):1601-1613. doi:10.1056/NEJMra054035. Return to content
  • (4) Brouwer IA, Wanders AJ, Katan MB. Trans fatty acids and cardiovascular health: research completed?Eur J Clin Nutr. 2013; 67:541–547. doi: 10.1038/ejcn.2013.43. Return to content
  • (5) Gebauer SK, Destaillats F, Dionisi F, Krauss RM, Baer DJ. Vaccenic acid and trans fatty acid isomers from partially hydrogenated oil both adversely affect LDL cholesterol: a double-blind, randomized controlled trial.Am J Clin Nutr. 2015; 102:1339–1346. doi: 10.3945/ajcn.115.116129. Return to content
  • (6) Valensi P, Lorgis L, Cottin Y. Prevalence, incidence, predictive factors and prognosis of silent myocardial infarction: a review of the literature. Arch Cardiovasc Dis. 2011;104(3):178-188. doi:10.1016/j.acvd.2010.11.013. Return to content
  • (7) Meredith S. Duncan, Matthew S. Freiberg, Robert A. Greevy, Suman Kundu, Ramachandran S. Vasan, Hilary A. Tindle. Association of Smoking Cessation With Subsequent Risk of Cardiovascular Disease. JAMA, 2019; 322 (7): 642 DOI: 10.1001/jama.2019.10298 Return to content
  • (8) Pignone M, Alberts MJ, Colwell JA, et al. Aspirin for primary prevention of cardiovascular events in people with diabetes: a position statement of the American Diabetes Association, a scientific statement of the American Heart Association, and an expert consensus document of the American College of Cardiology Foundation. Circulation. 2010;121(24):2694-2701. doi:10.1161/CIR.0b013e3181e3b133. Return to content
  • (9) Samuel Seidu, Setor K Kunutsor, Howard D Sesso , J M Gaziano, J E Buring, Maria Carla Roncaglioni , Kamlesh Khunti Aspirin Has Potential Benefits for Primary Prevention of Cardiovascular Outcomes in Diabetes: Updated Literature-Based and Individual Participant Data Meta-Analyses of Randomized Controlled Trials. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Факти и погрешни верувања за инфарктот

Да ги разјасниме работите: Сè што треба знаете за мозочниот удар

Private
Public

Ако имате мозочен удар, шансите да преживеете зависат од тоа колку брзо ќе добиете медицинска помош. Ова е доволна причина сите да бидат свесни за симптомите при кои е потребно веднаш да повикате итна медицинска помош. Прочитајте ја статијата подолу за да дознаете за лекувањето и негата на пациентите со мозочен удар.

  • Approval number
Секој треба да ги знае симптомите на мозочниот удар

Да ги разјасниме работите: Сè што треба знаете за мозочниот удар

Ако имате мозочен удар , шансите да преживеете зависат од тоа колку брзо ќе добиете медицинска помош. Ова е доволна причина сите да бидат свесни за симптомите при кои е потребно веднаш да повикате итна медицинска помош. Прочитајте ја статијата подолу за да дознаете за лекувањето и негата на пациентите со мозочен удар.

Мозочниот удар е втора најчеста причина за смрт и трета причина за инвалидитет во светот.1 Низ историјата, истакнати луѓе биле жртви на мозочен удар: Ленин, фараонот Рамзес Втори, Хиндел, Сталин, Гоја, Дикенс, Пастер, Черчил, Берлиоз, Волтер и Фелини.2

Шлаканица која удира силно

Секој треба да ги знае симптомите на мозочниот удар

Мозочниот удар им бил познат уште на старите Грци, го нарекувале апоплексија, а го опишувале како болест при која пациентот паѓал на земја, честопати тоа се случувало нагло, пациентот продолжувал да лежи, сетилата се губеле и немал волни движења. Заради ова, Хипократ заболувањето го нарекол „plesso“, што значи „удрен како од гром“.2 Терминот што го користиме денес потекнува од 16-ти век, кога мозочниот удар се сметало дека е  буквално „удар“ од Бога. Денес тоа е колективен термин за мозочни васкуларни настани, односно за функционални нарушувања кои настануваат како резултат на недоволно снабдување на мозокот со крв, таканаречен исхемичен мозочен удар . Во 80 до 85% од мозочните удари, блокирањето на крвен сад доведува до намалена циркулација на зафатениот дел на мозокот, што може да предизвика  смрт на дел од мозокот.5

Мозочниот удар, според денешните дефиниции, е клинички синдром кој брзо се развива, а предизвикан е од нарушено снабдување на мозокот со крв и  се карактеризира со знаци на глобална или локална дисфункција, трае повеќе од 24 часа или доведува до смрт, при што е утврдено дека нема друга причина освен дисфункција на мозочниот васкуларен систем. Ако невролошките знаци поминат во рок од 24 часа, настанот се нарекува привремена дисфункција на циркулацијата на крв во мозокот (минлив односно транзиторен исхемичен напад , TIA).3
На почетокот од 21-от век, речиси 1.1 милиони луѓе од Европа доживуваат мозочен удар секоја година и од нив 80% се исхемични мозочни удари.  Иако глобалната инциденција на мозочен удар опаѓа, сепак таа стапка кај млади лица расте, што укажува на фактот дека е потребна стратегија за подобра превенција .4

Исклучително е важно да се преземат чекори за превенција на мозочен удар, особено преку:

  • Редовно вежбање
  • Престанок на пушење
  • Ефективно лекување на високиот крвен притисок и
  • Обезбедување соодветна медицинска терапија за аритмии.

Основни причини

Слично на исхемичната срцева болест, мозочниот удар се појавува заради стврднување на артериите (медицинскиот термин е артериосклероза ). Протокот на крв е ограничен од плаки што се формираат во каротидните артерии во вратот, а може дури и целосно да се блокирани од крвни тромби што се одлепиле од ѕидот на артеријата. Мозочниот удар може да настане и заради тромби што се формирале во срцето или на срцевите залистоци, кои потоа може да се одлепат и како што циркулира крвта да стигнат во мозочните крвни садови, па да ги блокираат истите. Ова најчесто се јавува кај пациенти кои биле подложени на операција на срце или кои страдаат од аритмија наречена атријална фибрилација . На тој начин, срцевиот инфаркт и мозочниот инфаркт се поврзани настани кои произлегуваат од истото заболување, артериосклерозата.5

И покрај тоа што мозочниот удар започнува ненадејно и неочекувано и се развива многу брзо, тој е последица на дисфункција што траела со децении. Исхемичниот мозочен удар (т.е. мозочниот удар предизвикан од блокирање на крвен сад во мозокот) е поврзан со повеќе од двесте фактори на ризик, особено хипертензија, покачен холестерол како последица од нарушувања на липидниот метаболизам , дијабетес, дебелина, аритмија и пушење. Колку повеќе фактори на ризик се присутни, толку се поголеми шансите за мозочен удар.6

Време = мозочно ткиво

Пред да дојде до мозочен удар, пациентите честопати имаат повремени проблеми со говорот или видот или отрпнатост на екстремитетите, кои ги снемува по неколку минути. Ваквото привремено нарушување на циркулацијата, кое во медицинската терминологија се нарекува минлив, т.е. транзиторен исхемичен напад е „предвесник“ на мозочниот удар. Ако пациентот кој ги има овие симптоми веднаш побара лекарска помош, соодветниот третман - операција на каротидната артерија или лекување на аритмијата - може да спречи мозочен удар. За жал, во повеќето случаи, пациентите не ги сфаќаат овие предупредувачки знаци доволно сериозно и затоа по кратко време се жртви на мозочен удар.

Симптомите на еден цереброваскуларен настан се прилично јасни. Еднострана слабост или парализа на екстремитетите, привремено губење на видот во едно око, двојно гледање, губење на видното поле, тешкотии во разбирањето на говорот или при искажување зборови, збунетост, вртоглавица, главоболка и ненадејно губење на свеста, сите тие знаци треба да побудат сомнеж за мозочен удар. Ако некој член на семејство или некој околу вас се насмевнува на чуден, искривен начин, ако има потешкотии да повтори дури и едноставна реченица или не е во состојба да ги крева двете раце, веднаш треба да повикате брза помош.7

Ова е трка со времето, затоа што ако ударт не се лекува во првиот час од јавувањето, мозокот старее за три и пол години, секоја минута умираат 1.9 милиони неврони, а секој час се уништуваат околу 700 km нервни патеки.8 Затоа, кога некој има акутен мозочен удар, треба веднаш да се однесе во болница - по можност во центар за мозочен удар - бидејќи меѓународните истражувања укажуваат на тоа дека за разградување на крвен тромб има период од само три часа од појавата на првите симптоми.9 Времето во овие случаи е непроценливо, затоа интервенција направена само во овој временски период ги намалува шансите за смрт или за сериозни и бројни последици од ударот. Секоја минута е важна, или како што велат лекарите, времето е еднакво на мозочно ткиво. Затоа, без оглед каде се наоѓа пациентот кога се појавуваат симптомите, од огромна важност е тој/таа во најкраток временски период да се транспортира до најблискиот центар специјализиран за лекување на пациенти со мозочен удар.

Што се случува во болница?

Најдобро е пациентот со мозочен удар да се транспортира со возило на итната медицинска помош директно до центар за мозочен удар, бидејќи акутниот исхемичен мозочен удар може најефикасно да се лекува на оддел за мозочен удар. Овие центри се обучени да го минимизираат времето од пристигнување во болница до почетокот на лекувањето, што е од клучно значење бидејќи имаат ограничен временски период.

За да се постави дијагноза , се врши физикален преглед, по што следат повеќе процедури за снимање (ултразвук, компјутерска томографија, магнетна резонанца) за да се утврди точната локација и да се процени степенот и видот на оштетување на мозокот, како и да се утврди дали мозочниот удар настанал заради исхемија (заради блокирање на крвните садови во мозокот) или заради крварење. Во акутната фаза, постојано се следат нервниот статус на пациентот, крвниот притисок, пулсот, дишењето, рамнотежата на течности и електролити, нивото на гликоза во крвта, температурата на телото и други клучни физиолошки параметри.9

Во најдобар случај, сега сме во состојба да спречиме парализа и други оштетувања предизвикани од мозочниот удар или да отстраниме оштетувањата со интравенски лек за разградување на крвни тромби. Голема е ефикасноста и на механичките уреди за отстранување на тромби. Оваа високо-технолошка постапка вклучува ставање на катетер во мозокот преку артеријата за да се отстрани крвниот тромб што го блокира протокот на крв.10

Животот по преживеан мозочен удар

Откако ќе помине акутната фаза и состојбата на пациентот е стабилна, веднаш се започнува со интензивна рехабилитација . Рехабилитацијата има за цел да му овозможи на пациентот да биде самостоен, да оди самостојно, да ја поврати способноста за говор и движење, да го подобри квалитетот на живот и да го реинтегрира во семејството и општеството.11 Оваа повеќестрана активност ја изведува тим за рехабилитација составен од физиотерапевти, логопеди, психолози и други обучени здравствени работници.
За жал, 22% од мажите и 25% од жените умираат во рок од една година по мозочниот удар. Во периодот непосредно по првиот мозочен удар, постои голема веројатност да дојде до уште еден мозочен удар.12 Затоа, една од основните цели во грижата за пациентите со мозочен удар е да се избегне повторна појава на цереброваскуларен настан, но и да се спречат други компликации. Пациентите што доживеале мозочен удар мора да одат на редовни здравствени прегледи и да пијат лекови за намалување на крвниот притисок, за намалување на нивото на холестерол и за инхибиција на слепување на тромбоцитите и формирање на крвни тромби. Можно е да има потреба од операција за да се поправи стеснувањето на каротидната артерија. Прво и основно е дека пациентите мора да се откажат од штетните навики, пред сè пушењето и прекумерната консумација на алкохол, да ја зголемат физичката активност и да воведат здрава исхрана.13

Референци:

  • (1) Johnson W, Onuma O, Owolabi M, Sachdev S. Stroke: a global response is needed. Bull World Health Organ. 2016;94(9):634-634A. doi:10.2471/BLT.16.181636. Return to content
  • (2) Tsoucalas G, Papaioannou TG, Karamanou M. The Hippocratic Doctrine of "the Acute Brain Suffering" as the Brain Stroke. J Stroke Cerebrovasc Dis. 2019;28(2):412-417. doi:10.1016/j.jstrokecerebrovasdis.2018.10.017. Return to content
  • (3) Abbott AL, Silvestrini M, Topakian R, et al. Optimizing the Definitions of Stroke, Transient Ischemic Attack, and Infarction for Research and Application in Clinical Practice. Front Neurol. 2017;8:537. Published 2017 Oct 18. doi:10.3389/fneur.2017.00537. Return to content
  • (4) Béjot Y, Bailly H, Durier J, Giroud M. Epidemiology of stroke in Europe and trends for the 21st century. Presse Med. 2016;45(12 Pt 2):e391-e398. doi:10.1016/j.lpm.2016.10.003. Return to content
  • (5) Knight-Greenfield A, Nario JJQ, Gupta A. Causes of Acute Stroke: A Patterned Approach. Radiol Clin North Am. 2019;57(6):1093-1108. doi:10.1016/j.rcl.2019.07.007. Return to content
  • (6) Grysiewicz RA, Thomas K, Pandey DK. Epidemiology of ischemic and hemorrhagic stroke: incidence, prevalence, mortality, and risk factors. Neurol Clin. 2008;26(4):871-vii. doi:10.1016/j.ncl.2008.07.003. Return to content
  • (7) Yew KS, Cheng EM. Diagnosis of acute stroke. Am Fam Physician. 2015;91(8):528-536. Return to content
  • (8) Saver JL. Time is brain--quantified. Stroke. 2006;37(1):263-266. doi:10.1161/01.STR.0000196957.55928.ab. Return to content
  • (9) Powers WJ, Rabinstein AA, Ackerson T, et al. 2018 Guidelines for the Early Management of Patients With Acute Ischemic Stroke: A Guideline for Healthcare Professionals From the American Heart Association/American Stroke Association [published correction appears in Stroke. 2018 Mar;49(3):e138] [published correction appears in Stroke. 2018 Apr 18;:]. Stroke. 2018;49(3):e46-e110. doi:10.1161/STR.0000000000000158. Return to content
  • (10) Campbell BC. Thrombolysis and Thrombectomy for Acute Ischemic Stroke: Strengths and Synergies. Semin Thromb Hemost. 2017;43(2):185-190. doi:10.1055/s-0036-1585078. Return to content
  • (11) Winstein CJ, Stein J, Arena R, et al. Guidelines for Adult Stroke Rehabilitation and Recovery: A Guideline for Healthcare Professionals From the American Heart Association/American Stroke Association [published correction appears in Stroke. 2017 Feb;48(2):e78] [published correction appears in Stroke. 2017 Dec;48(12 ):e369]. Stroke. 2016;47(6):e98-e169. doi:10.1161/STR.0000000000000098. Return to content
  • (12) Jonathan B. Towne, Larry H. Hollier. Complications in Vascular Surgery, Second Edition. CRC Press, 2004. Return to content
  • (13) Bailey RR. Lifestyle Modification for Secondary Stroke Prevention. Am J Lifestyle Med. 2016;12(2):140-147. Published 2016 Feb 21. doi:10.1177/1559827616633683. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Да ги разјасниме работите: Сè што треба знаете за мозочниот удар

Често поставувани прашања во врска со терапијата за инфаркт

Private
Public

Лековите се неопходни за пациентите со кардиоваскуларни заболувања.

  • Approval Number
Често поставувани прашања во врска со терапијата за инфаркт

Често поставувани прашања во врска со терапијата за инфаркт

Лековите се неопходни за пациентите со кардиоваскуларни заболувања.

Прочитајте ги одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со ова заболување, кои ќе ви помогнат најефикасно да ги земате потребните лекови..

Што треба да направам во случај на несакано дејство од некој лек?

Често поставувани прашања во врска со терапијата со лекови за инфаркт

Секој лек има несакани дејства.

Ако го прашате Вашиот лекар или фармацевт за можните несакани дејства на Вашиот лек и го прочитате упатството на лекот, нема Ве изненади појавата на несакано дејство.

Ако имате каков било симптом, важно е да се консултирате со Вашиот лекар. Ако, на пример, пиете лек за хипертензија и Вашиот крвен притисок е пренизок и се чувствувате слаби и изнемоштени, најверојатно проблемот е во дозата, која лесно се прилагодува.

Не се препорачува да престанете да ги пиете Вашите лекови без да се консултирате со Вашиот лекар, бидејќи во некои случаи тоа може да предизвика посериозни проблеми отколку да се појави некое несакано дејство. Овие случаи мора да се разгледуваат поединечно за секој пациент. Вашиот лекар може да ја прилагоди дозата или да Ви препише друг лек што нема да предизвикува несакано дејство.

Дали лекот делува?

Се препорачува пациентите да одат на редовни прегледи за да се утврди дали пропишаниот лек делува правилно, а постојат и лекови за кои е потребно да се прават редовни тестови на крвта за да се прилагоди дозирањето кај пациентите. Одредени лекови што се користат за третман на кардиоваскуларни заболувања, имаат за цел да спречат сериозни настани, на пример, инфаркт . Тоа се лекови на пример со ацетилсалицилна киселина, од кои можеби нема да чувствувате веднаш директен ефект. Додека ефикасноста на лек за хипертензија лесно може да се провери со едноставно мерење на притисокот, лековите што се користат за превенција немаат такви директни „резултати“. Сепак, важно е да го земате лекот што Ви бил препишан, бидејќи иако не чувствувате промена, тие се ефикасни во намалувањето на ризиците од кардиоваскуларни заболувања и придонесуваат за долговечност.

Како да ги разликувам лековите што ги пијам?

За третман на специфични кардиоваскуларни заболувања достапни се  многу лекови, и тие може да се поделат во неколку главни категории, во т.н. групи според активните супстанции на лековите. Лековите од истата категорија имаат слично дејство, но нивните ефекти може да се разликуваат, па затоа е важно кој од нив го пиете (компатибилност со други лекови, јачина, големина на пакувањето). Може да Ви помогне името на активната супстанца. Имињата на лековите од иста категорија обично завршуваат исто. На пример, имињата на активните супстанци во лековите за хипертензија од типот на бета-блокатори обично завршуваат со „олол“.

Може ли да пијам лекови или производи без рецепт за време на третманот?

Без разлика дали имате главоболка, грип или настинка, пред да земете било какви лекови без рецепт, внимателно прочитајте го упатството и консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за да одлучите дали тој производ може безбедно да се пие во комбинација со Вашиот лек.

Билките, витамините и додатоците во исхраната може да бидат корисни, но тие никогаш не можат да ги заменат Вашите препишани лекови за срце. Во одредени случаи, тие може да влијаат на тоа како функционира препишаниот лек и може да ја намалат неговата ефикасност. Постојат многу производи кои не биле подложени на клинички испитувања, што значи дека нема достапни податоци за нивната истовремена употреба со други лекови. Покрај тоа, концентрацијата на активната супстанца може да се разликува во производи од различни производители доколку станува збор за нестандардизирани производи, што може да има негативно влијание врз точноста на дозата и тоа може да го наруши здравјето. Секогаш консултирајте се со Вашиот лекар пред да земете такви производи.

Може ли да пијам лекови ако сум бремена?

Бремените жени и доилки не смеат да пијат одредени видови на лекови. Доколку треба да пијат лекови за срцеви проблеми, хипертензија или високо ниво на холестерол, лекарот мора внимателно да ги земе предвид ризиците за мајката и фетусот и да одлучи кој лек е најбезбеден во дадената ситуација. Консултирајте се со Вашиот лекар или гинеколог пред да пиете какви било лекови, вклучително и такви кои се продаваат без рецепт.

Може ли дел од моите лекови да ги дадам на друго лице?

Секој човек со срцево заболување има потреба од различни видови на лекови или различни активни супстанци. Не е дозволено да му го давате Вашиот лек на некој друг, бидејќи тоа може да го наруши неговото/нејзиното здравје.

Како да ги чувам лековите?

Повеќето лекови треба да се чуваат на ладно и суво место, така што топлата и влажна кујна и бања не се соодветни места. Не ги ставајте под прозорци и не ги оставајте во Вашиот автомобил, бидејќи тој може брзо да се загрее. Чувајте ги во фиока, во некое шкафче. Не ги оставајте лековите на многу достапни места по дома и чувајте ги подалеку од дофат на деца и домашни миленици. Прочитајте го упатството за лекот, вклучително и упатствата за чување и рокот на употреба.

Ако е можно, чувајте ги лековите во оригиналното пакување: тоа ќе ги заштити таблетите или капсулите и ќе ви помогне да знаете колку сте земале. Никогаш не земајте лекови со променета боја, текстура или мирис. Никогаш не земајте лекови со истечен рок.

Која е разликата помеѓу оригиналните и генеричките лекови?

Важно е да се знае дека фармацевтското истражување го прават т.н. иновативни производители. Развојот на нови молекули e долг и скап процес на истражување. Потоа, новата активна супстанца може да се патентира и само тогаш може да почне постапката за овластување за пуштање во промет. Молекулите се заштитени со патент одреден период, што значи дека може да ги произведува само производителот што ги развил. Кога патентот ќе истече, други компании може да ја произведуваат активната супстанца, тоа е она што ние го нарекуваме генерички лекови. Ова значи дека во зависност од мислењето на Вашиот лекар и Вашите преференции, активната супстанца препорачана за Вашиот третман ја има во неколку лекови, произведени и дистрибуирани од различни производители. Ви препорачуваме да се потпрете на советите од Вашиот лекар или фармацевт кога одбирате лекови: тие имаат ажурирани информации за клиничките испитувања на лековите со дадената активна супстанца и на трошоците за терапија , па можат да ви препорачуваат лекови што се најдобри за Вас.

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Често поставувани прашања во врска со терапијата за инфаркт

Од артериосклероза до инфаркт

Private
Public

Различните ткива што го сочинуваат човечкото тело (мускулни, нервни, кожни и сврзни ткива) се снабдуваат со хранливи материи и кислород од артериите. Кога се здрави, овие крвни садови се силни и флексибилни и нивните внатрешни sидови се екстремно мазни, дозволувајќи крвта да тече брзо и без пречки.

  • Approval Number
Во врска со артериосклерозата

Од артериосклероза до инфаркт

Во врска со артериосклерозата

Различните ткива што го сочинуваат човечкото тело (мускулни, нервни, кожни и сврзни ткива) се снабдуваат со хранливи материи и кислород од артериите. Кога се здрави, овие крвни садови се силни и флексибилни и нивните внатрешни sидови се екстремно мазни, дозволувајќи крвта да тече брзо и без пречки.

Како што минува времето, на внатрешните sидови на овие садови, се наталожуваат масни и калциумови наслаги наречени плаки , кои предизвикуваат нивно стеснување. Особено е опасно што на површината на овие плаки може да се налепат тромбоцити и да формираат крвни тромби, кои дополнително го стеснуваат луменот или може да се откинат помали делови и да блокираат помали крвни садови.

Кога на овој начин ќе се блокира коронарна артерија , може да настане срцев инфаркт . Блокирањето на крвните садови во мозокот може да предизвика мозочен инфаркт (исхемичен мозочен удар ), кој го оштетува ткивото на мозокот. Ако се блокира еден крвен сад во некој од екстремитетите (обично во ногата), тоа може да доведе до потешкотии при одење, или, во посериозни случаи, до појава на рани или гангрена, кои се водечки симптоми на периферна артериска оклузивна болест.

Миокарден инфаркт

Миокардниот инфаркт се јавува кога наеднаш престанува или се намалува протокот на крв во дел од срцевиот мускул. Ако протокот на крв е блокиран подолг временски период, недостатокот на кислород предизвикува оштетување на срцевиот мускул, а потоа тој изумира. Локацијата на блокадата и големината на погодената област имаат директно влијание врз тоа колку срцето е во состојба да продолжи со пумпање крв. Најлош случај е кога срцето не е во состојба да го снабдува мозокот со доволно кислород, што доведува до смрт.

Симптоми1

Симптомите на миокардниот инфаркт се доста разновидни. Тие многу зависат од возраста на пациентот, од сите придружни болести што ги има пациентот, како и од локацијата и степенот на оштетувањето. Ако почувствувате некој од следниве симптоми, побарајте лекарска помош:

  • Чувство на стегање позади градната коска, силна болка во градите
  • Болка што се протега кон левата рака, левото рамо, левата плешка, вратот или брадата
  • Повраќање
  • Гадење
  • Пореметен срцев ритам
  • Тешкотии при дишењето
  • Ладна пот

Мозочен инфаркт (мозочен удар)

Крвните тромби што се откинуваат на помали делови, може да сигнат до мозокот и да ги блокираат мозочните крвни садови. Штетата предизвикана од недостаток на кислород повторно зависи од локацијата на блокадата и од големината на погодените области. Оштетувањето на ткивата може да доведе до парализа, проблеми со видот или говорот, губење на меморијата, па дури и смрт.

Симптоми2

Клетките на централниот нервен систем бараат постојано снабдување со кислород, што се обезбедува преку крвната циркулација. Ако има крвен тромб кој спречува крвта да стигне во некоја област, невроните во тоа подрачје за кратко време се оштетуваат и умираат. Симптомите обично се појавуваат ненадејно и може да бидат:

  • Отрпнатост или слабост на лицето, раката или ногата на едната страна од телото
  • Гадење или повраќање
  • Проблеми во комуникацијата, тешкотии во зборувањето
  • Силна главоболка без очигледна причина
  • Вртоглавица, конфузија или во посериозни случаи, губење на свеста

Што да правиме како превенција?

Од артериосклероза до инфаркт

Артериосклерозата не се манифестира со симптоми што секојдневно би нè предупредувале да внимаваме на неа. Сепак, инфарктот предизвикан од артериосклероза е премногу сериозна болест за да чекаме да настане проблем, па тогаш да делуваме. Фактот дека нашите крвни садови се во лоша состојба, честопати станува очигледен кога нашето тело ќе доживее миокарден или мозочен инфаркт .

Сепак, има начини да ги одржуваме крвните садови здрави и флексибилни. Здравата исхрана и поактивниот начин на живот, кој вклучува вежбање, се несомнено важен чекор.3

Табелата SCORE за проценка на ризик дава лесен начин да се пресмета ризикот од инфаркт. Ако резултатот надминува 5%, превземете итни мерки.

Гастрорезистентните таблети Аспирин Протект 100 се препорачуваат за намалување на ризикот од прв акутен инфаркт на срцето кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија , хипертензија, дебелина, пушење, старост), како и за секундарна превенција на кардиоваскуларни настани кај пациенти со докажано кардиоваскуларно заболување.4

Не чекајте да се појават проблеми, па дури тогаш да делувате!

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Референци:

  • (1) Lu L, Liu M, Sun R, Zheng Y, Zhang P. Myocardial Infarction: Symptoms and Treatments. Cell Biochem Biophys. 2015;72(3):865-867. doi:10.1007/s12013-015-0553-4. Return to content
  • (2) Yew KS, Cheng EM. Diagnosis of acute stroke. Am Fam Physician. 2015;91(8):528-536. Return to content
  • (3) Piepoli MF, Hoes AW, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts) Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Atherosclerosis. 2016;252:207‐274. doi:10.1016/j.atherosclerosis.2016.05.037. Return to content
  • (4) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Од артериосклероза до инфаркт

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Private
Public

Миокардниот инфаркт е едно од најсериозните кардиоваскуларни заболувања и е директна закана по животот. Времето е најголем фактор за преживување: лекарите може да заштедат голем дел од оштетениот срцев мускул, ако пациентот добие соодветна нега во рок од два часа од почетокот на симптомите. Затоа, важно е да се биде свесен за симптомите, како да се постапи и како да се превенира. Важно е да се запомни: “Времето е битно за срцевиот мускул”.

  • Approval Number
Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Миокардниот инфаркт е едно од најсериозните кардиоваскуларни заболувања и е директна закана по животот. Времето е најголем фактор за преживување: лекарите може да заштедат голем дел од оштетениот срцев мускул, ако пациентот добие соодветна нега во рок од два часа од почетокот на симптомите. Затоа, важно е да се биде свесен за симптомите, како да се постапи и како да се превенира. Важно е да се запомни: “Времето е битно за срцевиот мускул”.

Што точно претставува инфарктот?

 

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Инфарктот може да се појави не само во срцето, туку во буквално секој орган на човечкото тело, вклучително и во мозокот и во белите дробови. Во медицинска смисла, инфарктот се однесува на кој било случај кога се намалува снабдувањето со крв на ткиво заради блокирање или стеснување на артериите, што предизвикува недостаток на кислород. Ако оваа состојба трае повеќе од неколку минути, клетките во погодените ткива почнуваат да умираат. Акутниот миокарден инфаркт (АМИ) е смрт на ткивото на срцевиот мускул предизвикан од недостаток на кислород. Текот на миокардниот инфаркт во голема мера зависи од степенот на изумреност на ткивото, состојбата на коронарните артерии, како и од сите коморбидитети што ги има пациентот.

Симптоми

Пред некој да има инфаркт - можеби и години претходно - може да доживее одредени типични знаци наречени напади на ангина пекторис , кои вклучуваат болка во градите, која претставува предупредување за намаленото снабдување на срцевиот мускул со крв.
Кога инфарктот се случува кај помлада личност, овие предупредувачки знаци се поретки. Меѓутоа, кај постарите луѓе, благи физички напори или емоционален стрес, дури и ненадејно опаѓање на температурата на околината може да предизвика болно затегнување кое се чувствува под градната коска, што може да се протега до вилиците или кон левото (ретко кон десното) рамо, зглоб и прсти. Понекогаш болката се чувствува само ако е подалеку од срцето, на местата до кои болката се протега.
Ако снабдувањето со крв се обнови за неколку минути, по мал одмор или земање лекови што содржат азотен оксид, болката бргу ја снемува. Срцевиот мускул ја враќа целосната функционалност, без да претрпи оштетување. Болката што се чувствува за време на миокарден инфаркт е слична на онаа при ангина пекторис, но е многу посилна, трае подолго (најмалку дваесет минути) и не поминува по земање лекови кои содржат азотен оксид. Може да биде придружена со вознемиреност, страв од смрт, ладна пот, гадење, повраќање и замор. Миокардниот инфаркт може да биде придружен и со други симптоми, наречени атипични симптоми, како што се болка која патува кон стомакот или грбот или стомачна непријатност. Овие симптоми се повеќе типични за инфаркт кој го зафаќа долниот дел на левата комора. Некој може да има миокарден инфаркт дури и без никакви симптоми или со многу благи симптоми. Ова се нарекува тивок инфаркт и се открива многу подоцна, кога се прави ЕКГ тест од некоја друга причина.1,2

Што треба да се превземе

Ако сметате дека имате знаци на инфаркт, заземете удобна позиција и веднаш повикајте итна медицинска помош на бројот 194. Никогаш не пробувајте да одите до лекарска ординација и никогаш не пробувајте да возите. Ако забележите дека некој во Ваша близина ги има горенаведените симптоми на инфаркт, веднаш повикајте итна медицинска помош.

Ако пациентот не дише и нема пулс , веднаш започнете со реанимација . Не треба да заборавите дека имате само неколку минути за да го спречите смртниот исход. Лицето има шанси да преживее само ако вештачкото дишење и компресиите на градите почнат да се прават во рок од десет минути. Судбината на пациентот зависи и од големината на регионот на срцевиот мускул во кој изумира ткивото и од времето што е потребно за да се отвори блокираната артерија . Затоа, најважно е да се обезбеди што е можно побрз транспорт во кардиолошки центар за да се извршат соодветни процедури за коронарната артерија да стане проодна и да се врати протокот на крв во ткивата. Бидејќи брзото дејство може да спаси живот, лицето кое прво ќе забележи дека некој е во лоша состојба има голема одговорност. Половина од луѓето кои умираат во рок од една година по преживеан миокарден инфаркт, умираат во рок од еден или два часа од почетокот на симптомите, најчесто пред воопшто да стигнат до болница.3 Единствениот начин да се подобрат овие тажни статистики е сериозно да се сфатат предупредувачките знаци на инфаркт и да се повика итна медицинска помош.

Што може да направат лекарите?

Лекарот кој со возило на итна медицинска помош пристигнал на местото на настанот поставува дијагноза за инфаркт, дава лекови за ублажување на болката и го пренесува пациентот во болница, која има лабораторија за срцева катетеризација . ЕКГ се прави уште во возилото на итната медицинска помош за да се процени локацијата и големината на пределот на срцевиот мускул зафатен од изумрено ткиво и да се утврди дали оштетувањето на срцето предизвикала аритмија опасна по живот. Секоја минута е важна или како што велат лекарите, времето е битно за срцевиот мускул. 

Што се случува во кардиолошкиот центар? Лекарите и специјално обучените медицински сестри го проверуваат пулсот, крвниот притисок и нивото на кислород во крвта на пациентот. На пациентот му се даваат таблети аспирин за да се намали ризикот од формирање на крвни тромби во коронарните артерии, што ги подобрува неговите шанси за преживување. Се дава терапија со кислород за да се зголеми нивото на кислород во крвта и се даваат други лекови за да се нормализира срцевиот ритам на пациентот. Кај пациентите со миокарден инфаркт, најдобро е да се направи  перкутана коронарна интервенција ако постојат услови за тоа, односно ако не поминале повеќе од 12 часа од појава на симптомите до 2 часа од поставувањето на дијагнозата.1 Со оваа интервенција, може да се зачува значителен дел од оштетениот срцев мускул, на тој начин што блокираната коронарна артерија се проширува со помош на балон кој се вметнува со помош на катетер. За време на интервенцијата, катетерот со балон се вметнува во една од најголемите артерии, обична онаа во препоните, или раката за да стигне до коронарната артерија. Интервентниот кардиолог ја наоѓа точната локација каде е блокирана артеријата и го користи балонот за да ја притисне плаката што го спречува протокот на крв кон ѕидот на артеријата и го отстранува крвниот тромб . За да се спречи повторно формирање на плаки на оштетениот ѕид на артеријата, во коронарната артерија се става цилиндрична метална мрежа, наречена стент .

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Животниот стил се менува по прележан инфаркт

Пред неколку децении, од постинфарктните пациенти се бараше да останат во кревет шест седмици. Дури и кога го преживуваа овој период, овие пациенти имаа огромно оштетување на срцето и имаа многу лош исход. Денес сме добро запознаени со несаканите ефекти од долгото лежење во кревет. Затоа, откако ќе помине акутната фаза, од пациентите веднаш се бара да се движат, обично првиот ден по инфарктот; дозволено е да станат од креветот и да шетаат по рамна површина. Физичката активност е многу важна за да се спречат рани компликации, како што е длабоката тромбоза во вените. Ако инфарктот зафатил само мал дел на срцевиот мускул и пациентот нема никакви симптоми, хоспитализацијата трае само неколку дена. Негата по инфарктот потоа се одвива како дел од програмата за рехабилитација насочена кон спречување на повторен инфаркт , намалување на стапката на смртност и подобрување на квалитетот на живот на пациентот.

Подготвеноста на пациентот да ги следи добиените совети за новиот начин на живот, заедно со лековите препишани од лекарот, има големо влијание врз идниот исход. Најважниот ваков совет е итно и целосно прекинување со пушење; следење на пропишаната исхрана и редовно вежбање. Одлуката за физичка активност се донесува за секој пациент посебно, а се базира на функцијата на левата комора, дали е воспоставена целосна реваскуларизација , контрола на срцевиот ритам и карактеристиките на работното место на пациентот. Се охрабруваат пациентите да прават лесна до умерена физичка активност по испишување од болница.1 Пред да се почне со каква било програма за вежбање, важно е да се направи консултација со лекар за се добијат совети за интензитетот, времетраењето и честотата на активностите кои се соодветни на физичките способности на пациентот.

Инфарктот може да се спречи. Има начини крвните садови да се одржуваат здрави и флексибилни. Здравата исхрана и поактивниот начин на живот, кој вклучува вежбање, се несомнено важен чекор. Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Земање на 1 таблета на ден го инхибира абнормалното слепување на тромбоцити , со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт.4
Кај пациентите по прележан миокарден инфаркт, Аспирин® Протект 100 е доживотна терапија

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Рееференци:

  • (1) Ibanez B, James S, Agewall S, et al. 2017 ESC Guidelines for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation: The Task Force for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation of the European Society of Cardiology (ESC). Eur Heart J. 2018;39(2):119-177. doi:10.1093/eurheartj/ehx393. Return to content
  • (2) de Torbal A, Boersma E, Kors JA, van Herpen G, Deckers JW, van der Kuip DA, Stricker BH, Hofman A, Witteman JC. Incidence of recognized and unrec- ognized myocardial infarction in men and women aged 55 and older: the Rotterdam Study. Eur Heart J 2006;27(6):729–736. Return to content
  • (3) Moeini M, Mahmoudian SN, Khalifezadeh A, Pour AH. Reviewing time intervals from onset of the symptoms to thrombolytic therapy in patients with ST segment elevation myocardial infarction (STEMI). Iran J Nurs Midwifery Res. 2010;15(Suppl 1):379-385. Return to content
  • (4) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Полесно е да спречите отколку да преживеете мозочен удар

Private
Public

Мозочниот удар е често, живото-загрозувачко заболување. Само мал број од преживеаните пациенти се во можност да водат нормален живот по лекувањето, додека другите до крајот на животот мора да се справуваат со преостанати симптоми или инвалидитет од различен степен. Затоа, од суштинско значење е да сме свесни за факторите на ризик и можностите за превенција и да знаеме што да правиме ако ги откриеме знаците на мозочен удар кај себе или кај другите.

  • Approval Number
Полесно е да спречите отколку да преживеете мозочен удар

Полесно е да спречите отколку да преживеете мозочен удар

Мозочниот удар е често, живото-загрозувачко заболување. Само мал број од преживеаните пациенти се во можност да водат нормален живот по лекувањето, додека другите до крајот на животот мора да се справуваат со преостанати симптоми или инвалидитет од различен степен. Затоа, од суштинско значење е да сме свесни за факторите на ризик и можностите за превенција и да знаеме што да правиме ако ги откриеме знаците на мозочен удар кај себе или кај другите.

Полесно е да спречите отколку да преживеете мозочен удар

Видови на мозочен удар

Постојат две главни форми на мозочен удар . Исхемичен мозочен удар кој настанува заради ненадеен недостаток на проток на крв во артериите на мозокот и хеморагичен мозочен удар кој е предизвикан од крварење од прснат крвен сад. Околу 80 до 85% од мозочните удари се исхемични, што значи дека снабдувањето со крв во мозокот е недоволно и ткивата на мозокот умираат од недостаток на кислород и гликоза .1

Околу 15 до 20% од мозочните удари настануваат заради крварење. Во овој вид на мозочен удар, ѕидовите на крвните садови прскаат и во церебралното ткиво се излива крв. Минливите, т.е. транзиторните исхемични напади (TIA) честопати се сметаат за ран предупредувачки знак за мозочен удар, поради што тие се нарекуваат и мал мозочен удар. При минлив исхемичен напад има недоволен проток на крв во одреден регион на мозокот што ја нарушува церебралната циркулација на крвта, но таа ситуација брзо се решава. За разлика од мозочниот удар, оваа ситуација поминува во рок од 24 часа и не предизвикува трајно оштетување. Како и да е, минливиот исхемичен напад треба да се сфати сериозно и сите пациенти да се однесат во болница за да бидат прегледани.2,3 

Честота на мозочниот удар и релевантни фактори на ризик

Мозочниот удар не е присутен само кај постарите лица, туку тој може да ги погоди и младите и средовечни луѓе, па дури и децата. Мозочниот удар е  почест кај мажите отколку кај жените. Шансите за мозочен удар се зголемуваат со возраста. Мозочниот удар најчесто се случува наутро, во претпладневните часови. Најчесто настапува заради присуство на неколку од следниве фактори на ризик: хипертензија, високо ниво на холестерол, пушење, атријална фибрилација (аритмии), недоволна физичка активност, гојазност , дијабетес, нарушувања во згрутчувањето на крвта, васкуларна стеноза , мозочен удар кај некој член од семејството.1,3​​​​​​​

Оние кои веќе имале мозочен удар имаат 10 пати поголеми ризик за повторен мозочен удар во споредба со здравите лица.

Симптоми на мозочниот удар3

  • Слабост во екстремитетите, отрпнатост, парализа (на раката или ногата на едната страна на телото)
  • Асиметрија на лицето, асиметрија на устата
  • Проблеми со говорот или афазија (неможност да се разберат или формулираат реченици; пациентите со сериозна афазија не разбираат зборови и не можат да зборуваат)
  • Визуелно нарушување, двоен вид, губење на видното поле
  • Вртоглавица, нарушено одење, проблеми со рамнотежата
  • Ненадејна силна главоболка, проследена со дезориентација.

Што да направите ако се сомневате на мозочен удар

Важно е пациентот или некој околу него да ги препознае знаците на мозочен удар, да го запише/запомни времето на појава на симптомите и веднаш да повика итна медицинска помош. Ова може да има големо влијание врз судбината на пациентот бидејќи т.н. временски период е многу мал. Постои период од три часа или, во некои случаи, четири и пол часа од почетокот на симптомите до започнување на ефективно лекување со тромболитичка терапија , што може да го спаси животот на пациентот.4​​​​​​​

Прашајте го пациентот три едноставни прашања и следете ја неговата реакција

  1. Побарајте од пациентот да се насмевне или да ги покаже забите (постои абнормалност ако може да ја движи само едната страна на устата)
  2. Побарајте од пациентот да ги подигне двете раце (постои абнормалност ако може да подигне само една рака)
  3. Побарајте од пациентот да каже едноставна реченица. (постои абнормалност ако говорот на пациентот е нејасен, тешко се разбира што зборува или ако не е во можност да зборува)

Лекување

Тромболитичката терапија со која се почнува во првите три часа може да спречи трајно оштетување. Овие третмани се прават во центри за мозочен удар во секоја земја. 

Лекувањето вклучува лекови кои влијаат на згрутчувањето на крвта, интервенции за проширување на артериите, лекување на пропратните заболувања, физикална терапија и рехабилитација за да се намалат симптомите што остануваат по мозочниот удар. Закрепнувањето може да трае со месеци, па дури и години.4

Превенција

Промени во начинот на живот (редовно вежбање, нормализирање на телесната тежина, исхрана богата со овошје, зеленчук, морска риба и интегрален леб, чаша квалитетно црвено вино, пиење многу течности), како и лекови за контрола на факторите на ризик, операција и пиење на ацетилсалицилна киселина за да се инхибира слепувањето на тромбоцити . Овие промени го намалуваат ризикот од мозочен удар.5,6​​​​​​​​​​​​​​

Референци:

  • (1) Grysiewicz RA, Thomas K, Pandey DK. Epidemiology of ischemic and hemorrhagic stroke: incidence, prevalence, mortality, and risk factors. Neurol Clin. 2008;26(4):871-vii. doi:10.1016/j.ncl.2008.07.003. Return to content
  • (2) Abbott AL, Silvestrini M, Topakian R, et al. Optimizing the Definitions of Stroke, Transient Ischemic Attack, and Infarction for Research and Application in Clinical Practice. Front Neurol. 2017;8:537. Published 2017 Oct 18. Return to content
  • (3) Yew KS, Cheng EM. Diagnosis of acute stroke. Am Fam Physician. 2015;91(8):528-536. Return to content
  • (4) Powers WJ, Rabinstein AA, Ackerson T, et al. 2018 Guidelines for the Early Management of Patients With Acute Ischemic Stroke: A Guideline for Healthcare Professionals From the American Heart Association/American Stroke Association [published correction appears in Stroke. 2018 Mar;49(3):e138] [published correction appears in Stroke. 2018 Apr 18;:]. Stroke. 2018;49(3):e46-e110. doi:10.1161/STR.0000000000000158. Return to content
  • (5) Bailey RR. Lifestyle Modification for Secondary Stroke Prevention. Am J Lifestyle Med. 2016;12(2):140-147. Published 2016 Feb 21. doi:10.1177/1559827616633683. Return to content
  • (6) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020 Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Полесно е да спречите отколку да преживеете мозочен удар

Исхемична срцева болест: заболување предизвикано од недоволен проток на крв во срцевиот мускул

Private
Public

Исхемичната срцева болест (ИСБ) е збирен термин за заболувања кај кои недоволното снабдување со крв (медицинскиот термин е исхемија) на срцевиот мускул игра главна улога во развојот на болеста.

  • Approval Number
Срцев мускул

Исхемична срцева болест: заболувaње предизвикано од недоволен проток на крв во срцевиот мускул

Исхемичната срцева болест (ИСБ) е збирен термин за заболувања кај кои недоволното снабдување со крв (медицинскиот термин е исхемија ) на срцевиот мускул игра главна улога во развојот на болеста.

Во развиените индустриски земји, исхемичната срцева болест е водечка причина за смрт со децении. Иако смртноста како резултат на акутни заболувања, на пример, миокарден инфаркт , е намалена, распространетоста и смртноста од хронични заболувања, како што е срцевата слабост, се зголемуваа. Во моментов, секоја четврта смрт е предизвикана од исхемична срцева болест. СЗО предвидува дека до 2020 година, исхемичната срцева болест ќе стане водечка причина за смрт не само во развиените општества, туку и во земјите од третиот свет, т.е. во целиот свет.1

Коронарни артерии

Срцев мускул

Коронарните артерии се крвни садови што го снабдуваат со крв срцето и неговите мускули, опкружувајќи го срцето како круна. Овие артерии ги снабдуваат клетките на срцевиот мускул со крв богата со кислород. Нездравиот начин на живот - исхрана богата со масти, пушење, слаба физичка активност - може да доведе до создавање на масни наслаги наречени плаки на внатрешните sидови на коронарните артерии, спречувајќи го протокот на крв. Ова го намалува снабдувањето со крв и спречува  испорака на доволно кислород до срцевиот мускул. Нерамнотежата помеѓу потребниот и испорачаниот кислород, доведува до слаба циркулација, односно исхемија во срцевиот мускул. Долготрајната, тешка исхемија доведува до изумирање на дел од срцевиот мускул, додека привремениот недостаток на кислород предизвикува исхемија на срцевиот мускул. Исхемијата може да се манифестира на различни начини. Исхемијата на срцевиот мускул може биде проследена со симптоми ( ангина пекторис , нарушувања во создавањето на сигнали и/или во пренесувањето на сигнали, акутна срцева слабост или нагла смрт)2. Развојот на различни форми на болеста во голема мера зависи од времетраењето на исхемијата и природата на настанатото функционално оштетување.

Трендови во светот

Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смрт и кај мажите и кај жените. Тие предизвикуваат 31,5% од сите смртни случаи и 45% од смртноста предизвикана од сите незаразни заболувања заедно, двојно повеќе од смртните случаи заради карцином и многу повеќе од комбинацијата на сите заразни, матернални, неонатални и нутритивни пореметувања.7 

Предупредувачки знак: болка во градите

Болката во градите предизвикана од исхемичната срцева болест е еден од најважните симптоми за недоволно снабдување со крв на срцевиот мускул. Сепак, важно е да се знае дека може да дојде до исхемија на срцевиот мускул и без да се почувствува некаква болка во градите - ова се нарекува тивка исхемија. Болката во градите која трае пократок временски период, помалку од 20 минути, главно се поврзува со ангина пекторис, додека подолготрајната болка која трае повеќе од 20 минути може да биде знак за миокарден инфаркт . Болката во градите и непријатноста во градите се многу чести симптоми и може да бидат предизвикани од широк спектар на заболувања, но не мора да значи дека овие симптоми се секогаш поврзани со заболувања на срцето. Тие би можеле да означат бенигни абнормалности, но и многу сериозни состојби кога навремената реакција е од суштинско значење за успешноста на третманот. Непријатностите и симптомите се многу субјективни, во зависност од возраста на пациентот и од многу други фактори. Некои податоци сугерираат дека мажите и жените различно ја оценуваат својата состојба. Истата клиничка состојба се чувствува како најстрашна болка во градите од страна кај некои пациенти, а други се жалат само на мал притисок во градите. Вегетативните симптоми, кои се појавуваат заедно со непријатностите или болката во градите, обично се знак за сериозно заболување. Жените кои доживуваат инфаркт се жалат на гадење, повраќање и краток здив почесто од мажите, додека мажите почесто спомнуваат зголемено потење. Симптомите варираат кај секој поединечно и може да вклучуваат болка и притисок во градите, отежнато дишење, тежина во градите или блага непријатност. Болката може да се шири кон рацете, брадата, вратот или грбот. Симптомите може да бидат ненадејни и акутни или може да се појавуваат постепено или периодично3.

Болка што се менува како што пациентот дише, ја менува положбата или кога јаде или болка што се појавува во одреден дел на ѕидот на градниот кош или е придружена со чувствителност на притисок, обично се знак за помалку сериозна состојба. Симптомите кои спречуваат нормална активност или кои се проследени со ладна пот, гадење, повраќање, вртоглавица или необјаснето чувство на страв обично се знаци на посериозна состојба.4​​​​​​​

Секоја минута е важна

Непријатноста и другите симптоми на градниот кош предизвикани од исхемична срцева болест не мора да се појавуваат на драматичен начин. Доста често, тие се појавуваат постепено, полека, чекор по чекор, или може да варираат. Понекогаш тие се забележуваат не како болка, туку како чувство на притисок, печење или слабост, што ги наведува пациентите да чекаат подолго пред да побараат помош. Проблемот со ова е, што потрошеното време го скратува раниот временски период што е од најголемо значење за успешно лекување. Досегашното искуство покажува дека ако симптомите се појават дома, пациентите чекаат подолго, отколку ако ги доживеат на јавно или на работното место. Ако симптомите се сериозни, пациентите се склони брзо да побараат лекарска помош. Исто така, лицата кои повикуваат брза помош обично се во полоша состојба од оние кои прво го контактираат матичниот лекар. Важно е да се биде свесен дека симптомите во градите може да бидат знаци на сериозна, животозагрозувачка состојба, и не треба да чекате да поминат сами од себе, туку треба веднаш да се јавите на лекар или да побарате итна медицинска помош.

Исходи на болеста

Колку поефикасно се лекуваат пациентите со коронарна артериска болест, толку подоцна може да настане инфаркт. Ангина пекторис може да доведе до изумирање на дел од срцевиот мускул или инфаркт и како резултат на тоа да се појави срцева слабост. Стапката на смртност во болнички услови е поврзана со возраста на пациентот и се движат во рамките од 4-10% кај пациентите со акутна срцева слабост. Долготрајното преживување кај пациентите по епизода на акутна срцева слабост е исто така мало и стапката на смртност по 5 години изнесува 70%.5 СЗО предвидува дека до 2020 година, исхемичната срцева болест ќе биде водечка причина за смрт во целиот свет, вклучително и во земјите во развој.1 Ова значи многу голем број смртни случаи, што треба да поттикне исклучително сериозна медицинска и општествена одговорност. За да се избегне сето ова, клучна е превенцијата. Треба да се напомене дека за таа цел, луѓето со повеќе фактори на ризик треба да се сметаат како пациенти, дури и ако немаат симптоми и ако нивниот ЕКГ стрес тест е негативен. Ова е затоа што артеријата може целосно да се блокира без претходен симптом, како што е случај со 60% од инфарктите.

Превенција

Ние сме во состојба да ги контролираме повеќето традиционални фактори на ризик, иако не сите. Денес, честопати гледаме дека луѓето премногу работат и водат стресен живот за да живеат удобно и да имаат финансиска безбедност. За жал, заради тоа, контролата на кардиоваскуларните фактори на ризик - редовна физичка активност, прекин со пушење и здрава исхрана - се ставаат во втор план. Многу луѓе имаат втора или трета работа или почнуваат да пушат или да пијат алкохол заради стрес и никогаш не размислуваат да почнат со физичка активност во нивниот секојдневен живот. Заради ова, многу е важно секој да биде свесен за опасноста од исхемичната срцева болест.

Промената во начинот на живот е предизвик за многу луѓе, дури и кога тие точно знаат што треба да направат. Сепак, советите за здрав начин на живот се корисни само доколку лицата што се советувани свесно преземаат активни чекори за превенција . Целта на кардиоваскуларната превенција е да се намали фреквенцијата на први и повторни клинички настани поврзани со исхемични заболувања, особено во однос на развој на инвалидитет и рана смрт. Ова може да се постигне со промена на факторите на ризик поврзани со начинот на живот, справување со клучните фактори на ризик со специфични и индивидуализирани методи и со земање на одредени лекови.

Според последните водачи на Европското кардиолошко здружение за дијагноза и менаџмент на хроничен коронарен синдром, следниве препораки се применуваат за сите лица кои имаат кардиоваскуларни заболувања6:

  • Здрава исхрана: намален внес на заситени масти и холестерол, а зголемен внес на омега-3 масни киселини (риба), овошје, зеленчук и целозрнести житарки.
  • Престанок на пушење: Покрај редовните лекарски консултации, терапијата за замена на никотин (гуми за џвакање, лепенки) или друга фармакотерапија може да помогне во прекин со пушењето.
  • Физички вежби: во форма на умерено интензивни аеробни физички вежби прилагодени на индивидуалните потреби, најмалку пет пати седмично, со оптимално траење од 30 до 60 минути. Сите постинфарктни пациенти треба, доколку е можно, да учествуваат во рехабилитациска програма за вежбање додека се хоспитализирани или како амбулантни пациенти.

Референци:

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Исхемична срцева болест: заболувaње предизвикано од недоволен проток на крв во срцевиот мускул
Subscribe to Дали сум болен/на?