Пудинг од урда со капини

Пудинг од урда со капини

Урдата е прекрасна состојка.

Секогаш е достапна кога ви треба полесен млечен производ, но ако сте подготвени малку да поработите со неа, може да направите спектакуларен десерт. Ако имате калапи за пудинг, испробајте го овој рецепт и ќе се воодушевите од вкусот.

Состојки:

  • 2 чаши урда (несолена)
  • 1 шолја обичен јогурт
  • 10 супени лажици млеко
  • 3/4 шолја шеќер од трска
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила
  • кора од 1 лимон
  • 1 пакет инстант желатин
Пудинг од урда со капини

Подготовка:

Смешајте ја урдата со јогурт и мешајте додека смесата не стане кремаста. Додајте и измешајте го шеќерот, екстрактот од ванила и кората од лимон. Растворете го желатинот во ладно млеко, а потоа ставете го на тивок оган за да се стопи целосно. Ставете го млеко во добиената кремаста смеса и добро измешајте. Со лажица наполнете ги калапите за пудинг и ставете ги во фрижидер да се стврднат. Ставете ги калапите во врела вода неколку минути, за лесно да ги извадите пудинзите. Сервирајте во тањир, а околу пудингот наредете капини.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.