Салата од диња

Салата од диња

Иако дињите галија се познати веќе 4.000 години, малкумина знаат колку се здрави: покрај цинк, фосфор, калциум, калиум, хром, магнезиум, манган, натриум, бакар, железо и повеќе овошни киселини, тие содржат и витамини А и Ц, бета-каротен и фолна киселина.

Нема причина да не ги јадеме колку што сакаме кога им е сезона. Таа е фантастична закуска сама по себе, но италијанците знаат како да уживаат, па измислиле ужинка со диња и шунка. Многумина сметаат дека дињата е половина овошје, половина зеленчук со малку посладок вкус. Може да се комбинира со зелен лиснат зеленчук и да биде дел од освежувачка салата.

Состојки:

  • 1 кесичка мешана зелена салата
  • 8-10 шери домати
  • 1 главица црвен кромид
  • половина диња галија
  • балсамов оцет
  • мед
  • маслиново масло
Салата од диња

Подготовка:

Излупете ја дињата и насечете ја на коцки. Насечете ги шери доматите на половина и исецкајте го кромидот. Направете прелив со мешање на балсамов оцет, мед и маслиново масло. Ставете ја мешаната зелена салата и кромидот во голем сад и убаво измешајте ги со преливот. Ставете ги доматите и коцките диња одозгора и сервирајте! Добро оди со сирење или месо на скара, но може да ја јадете и само салата како лесен летен оброк.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.