Ова е специјален утрински деликатес што истовремено го задоволува нашето сетило за вкус и ни овозможува прво внесување на протеини во денот.
За овој појадок потребно е време, па затоа не е за утрата кога ќе се успиете. Потребна е подготовка - најдобро е да се направи претходната вечер, па кога ќе дојде утрото ви останува само да сервирате и да уживате во појадокот.
За јајцата се знае дека се богат извор на витамини А, Б, Д и Е, со каротен како бонус. Само една жолчка со добар квалитет ги покрива вашите дневни потреби за витамин А, а сепак нема да го зголеми нивото на холестерол. Додајте малку од чудото наречено урда, со супер здрава риба и имате одличен оброк за квалитетен почеток на денот. Лососот е еден од најздравите риби во светот. Изобилува со омега-3 масните киселини, како и витамини А, Б комплекс и Д-витамин. Исто така, богата е со калциум, железо, фосфор и селен.
Состојки:
- 8 јајца
- 3/4 шолји урда
- 2-3 супени лажици кисела павлака
- една рака билки (копар или магдонос)
- ставете сол и бибер по вкус
- 120 gr пушени филети од лосос
Тврдо сварете ги јајцата. Откако ќе се оладат, излупете ги и исечете ги на половина по должината. Внимателно извадете ги жолчките, а потоа испасирајте ги со виљушка. Промешајте ги урдата и киселата павлака за да добиете убава кремаста смеса. Зачинете по вкус со сол, бибер и билки. Наполнете ги јајцата со смесата, а потоа намотајте парче лосос одозгора. Добро се комбинира со потпечено парче интегрален леб, а ако сте на диета, ќе се чувствувате полни и без додатоци.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.