Омилениот намаз од лешник почна да го освојува светот пред 50 години од малиот град Алба во регионот Пиемонт во Италија.
Пиетро Фереро, италијански слаткар, уште од 20-тите години на минатиот век експериментирал со сладок и хранлив путер од јаткасти плодови. Намазот на леб би можел да стане совршен појадок за деца и физички работници. Во 1964 година неговиот син Микеле Фереро го усовршил рецептот за чоколадниот намаз со лешник. Тој вовел нова етикета и амбалажа, додал италијанска наставка на англискиот збор „орев“, а останатото е историја. Денес нутелата е фаворит број еден во 100 земји. 10 фабрики низ светот годишно произведуваат над 350 илјади тони намаз
Главната состојка е Пиемонт лешник, кој има статус на заштитена географска ознака, издаден од Европската комисија. Јаткастите плодови го задржуваат својот вкус и арома дури и по печење. Лешниците содржат незаситени масни киселини и затоа се неверојатно корисни за здравјето. Покрај тоа, јаткастите плодови содржат големи количини минерали, витамини и растителни влакна, што ги прави важен дел од урамнотежената исхрана. Влакната, исто така, спречуваат дебелеење затоа што прават да се чувствувате најадени. Од оваа причина јаткастите плодови толку многу се препорачуваат како закуска. Лешниците се богати со витамини Б1, Б2, Ц, Х и Е, како и калциум и калиум. Тие ги поттикнуваат и ензимите кои се клучни за производство на клеточна енергија.
Овој деликатес од маркетите може да го направите и дома.
Домашна нутела - состојки
- 1 1/3 шолји лешници
- 2/3 шолја темно чоколадо
- 2/3 шолја млечно чоколадо
- 1 шолја и 5 супени лажици полномасно млеко
- 3 супени лажици млеко во прав
- 1 кафена лажица мед
- 2 супени лажици незасладено какао во прав
- малку сол
Подготовка:
Печете ги лешниците во загреана рерна на лист хартија за печење околу 10 минути. Истријте ја лушпата и измелете ги во блендер додека уште се жешки за да добиете кремаст намаз. Во мало тенџере ставете го млекото, млекото во прав, медот, какаото во прав и сол. Стопете ги и двата вида чоколадо во тенџере на пареа. Смешајте го растопеното чоколадо со млечната смеса, а потоа ставете го топлиот намаз од лешник. Истурете го намазот во тегли и уживајте во вашата домашна нутела - мачкајте ја на леб или јадете ја директно од теглата!
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.