Некои зеленчуци никогаш не здосадуваат. Такви се тиквичките. Не се исти со тиквата, ниту со краставиците. Тие се убав светкав зелен зеленчук што може да го излупите ако сакате, но и не мора.
Тиквичките се многу лесна храна, нивните растителни влакна лесно се варат и му ја олеснуваат работата на нашиот стомак. И ако се земе предвид дека содржат само 19 калории по шолја, вашата потрага за совршена диетална храна е завршена. Со нив може да направите вкусна крем супа или чорба со млечен крем, кромид и билки. Може да испржете тенки парчиња и ќе добиете крцкаво совршенство, а добро го заменуваат и брашното во колачи. Вегетаријанскиот рецепт подолу ќе го направите додека да трепнете, а истиот ќе го направиме здрав и богат со растителни влакна така што ќе додадеме корнфлекс. Без многу да должиме - еве го рецептот за ќофтиња од тиквички!
Состојки:
- 2 тиквички
- 2 јајца
- 2 шолји овес
- малку сол
- бел бибер
- копар
- 1 супена лажица растително масло
Измијте ги тиквичките и исечете ги краевите. Изрендајте ги покрупно во длабок сад. Додајте малку сол и оставете ги да пуштат сок. Исцедете го сокот, потоа ставете ги во друг сад, додај ги јајцата и корнфлексот, зачинете со бел бибер и копар (и уште сол ако сакате). Додајте една супена лажица масло во смесата. Добро измешајте и оставете ги малку за корнфлескот да ја впие преостанатата течност од тиквичките. По околу 10 минути загрејте малку масло во тава. Направете сплескани ќофтиња со супена лажица и испржете ги од двете страни. Тие се превкусни без додатоци, но може да ги сервирате со гарнир, на пример со ориз.
И едно нешто што дефинитивно ќе ви се најде: лесен сос од јогурт и зачинет со сè што сакате.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.