Кари со риба

Кари со риба

Се препорачува да јадеме риба три пати седмично за на нашите тела да им ја обезбедиме потребната количина омега-3 масни киселини.

Омега-3 е есенцијална масна киселина што организмот не е во состојба сам да ја произведува, па затоа треба да ја внесуваме како дел од нашата исхрана. Добра вест: мрсните риби се неверојатно богати со омега-3. Лосос, скуша, сардини, харинга или свежа туна - одберете која сакате, битно е да јадете риба! Покрај омега-3 масните киселини, ќе внесувате дополнителни витамини и минерали, на пример, калиум, цинк, железо, селен и витамин Б12.

Рецептот подолу содржи ориентални вкусови. Може да го направите од лосос или од кој било друг вид морска риба.

Состојки (за 4 лица):

  • 300 gr филети од морска риба
  • 1 голема главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 5 cm корен од ѓумбир
  • сол
  • кари во прав
  • мелено чили
  • мелен бибер
  • мелен цимет
  • малку путер и маслиново масло
  • брашно или скроб
  • 1 конзерва пире од домати
  • 1 конзерва кокосово млеко
  • шеќер од трска или јаворов сируп
Кари со риба

Подготовка:

Измијте ги рибните филети и исечете ги на парчиња од 2,5 cm. Малку посолете ја рибата и посипете ја со брашно или скроб. Стопете малку путер во тава, додајте малку маслиново масло и испржете ја рибата, а потоа извадете ја од тавата, исцедете го вишокот маснотии и ставете ја на тањир. Додека рибата се пржи, излупете го кромидот, чешнињата лук и ѓумбирот. Откако ќе го исецкате кромидот, истолчите го лукот и изрендајте го ѓумбирот, испржете ги во сè уште врелото масло. Додајте сол и бибер, малку чили и цимет и доста кари во прав. Добро промешајте ја смесата и испржете ја. Додајте го сосот од домати и ставете го кокосовото млеко. Додајте малку шеќер од трска или јаворов сируп за да ја неутрализирате киселоста на доматите. Покријте со капак и оставете да се зготви. После 10 до 15 минути внимателно вратете ја зготвената риба во тавата и гответе уште 5 минути. Сервирајте со ориз.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.