Бомбици од урда и кокос

Бомбици од урда и кокос

На прв поглед се чини дека овој деликатес е ист со популарниот италијански десерт од кокос, но оваа варијанта е многу поздрава, а јас би рекла и повкусна.

Вкусот и мирисот на кокос ги буди сетилата, и ја буди магијата на далечните краеви. Кокосот е уникатно овошје: го користиме секој дел од него. Како овошје е исклучително хранлив: полн со минерали и витамини Б и Е, исто така содржи ниацин, магнезиум и калциум. За нашиот рецепт подолу потребни се повеќе делови од кокосот, но слободно експериментирајте - ако основата е точна, нема да погрешите.

Состојки (за 3-4 порции)

  • 1 шолја урда (кремаста)
  • 1 мало пакување со кокосово млеко (150 gr)
  • 1-2 кафени лажици кокосово масло
  • 1/2 шолја шеќер (најдобро е шеќер од треска или ксилитол)
  • 50-100 gr кокосово брашно
  • бланширани цели бадеми
Бомбици од урда и кокос

Подготовка:

Во сад измешајте ја урдата со шеќерот додека не добиете кремаста текстура. Додајте го кокосовото масло и малото пакување кокосово млеко (по можност густо и кремасто). Направете мали бомбици и скријте по еден бадем во секоја од нив. Наросете ги со кокосово брашно и ставете ги во фрижидер. Сервирајте кога ќе стврднат. Ова е лесен и здрав десерт за кој нема да имате грижа на совест кога ќе го јадете.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.