Многу луѓе се плашат да пробаат одредени рецепти затоа мислат дека се сложени и комплицирани.
Таков рецепт е рибната супа во која може да се ужива во секоја сезона. Според новите истражувања, треба да консумираме риба најмалку двапати, а идеално би било трипати седмично.
Состојки:
- 1350 gr крап
- 900 gr мали харинги
- 4 главици кромид
- 2 домати
- 1 бабура
- 1 кафена лажица црвен пипер, 1 кафена лажица мелено чили
- сол
- растително масло
- филети од сом
Подготовка:
Исчистете ја рибата. Извадете ги очите и забите на крапот, а потоа исечете го на филети. Исечете ги коските на рибите на половина и исечете ги филетите на помали парчиња. Потпржете го исецканиот кромид во малку масло, па додајте ги исецканите домати. Додајте ги коските, малите харинги и бабурата, а потоа истурете чаша ладна вода. Варете 90 минути на тивок оган, и повремено собирајте ја пената. Додајте ги филетите од крап и малку црвен пипер, а потоа оставете да се вари уште 30 минути. Кога супата е сварена, исцедете ја преку ситна цедалка и додајте малку сол. Зоврејте ја кратко со свежи парчиња сом веднаш пред да ја сервирате.
Извор:
67 Étterem (www.67etterem.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.