Отворен сендвич со авокадо и поширани јајца

Отворен сендвич со авокадо и поширани јајца

Брзиот, но и хранлив појадок е многу битен затоа што е важно како го започнувате денот. Нема да погрешите со овој отворен сендвич.

Авокадото е одличен извор на витамините Е и Ц и е богат со незаситени масти. Заради високото количество на протеини, авокадото е многу хранливо и исто така е богато со бета-каротен, магнезиум, фолна киселина и витамин К. Лебот од интегрално брашно ги задоволува вашите потреби за влакна и витамин Б, а јајцата ќе ве снабдат со омега 3 масни киселини, лецитин и витамин Д. Постои причина зошто јајцата се популарен појадок: протеините се енергетска бомба и ве прават да се чувствувате најадени без да чувствувате преполнети. Сепак, ако никогаш не сте го сакале традиционалниот појадок со јајца или ви здосадил... сигурни сме дека ќе го обожавате овој појадок!

Состојки:

  • леб од интегрално брашно (1 или 2 парчиња по особа)
  • 1-2 авокада
  • 1 јајце по особа
  • путер
  • сок од лимон
  • печени семки од тиква
Отворен сендвич со авокадо и поширани јајца

Подготовка:

Исцедете или истурете сок од лимон во длабок сад и измешајте го со омекнат путер. Намачкајте ја оваа смеса на парчињата леб. Исечете го авокадото на половина, извадете ја семката и внимателно извадете го месото за да можете тенко да ги исечете двете страни. Ставете го авокадото врз парчињата леб. Ставете вода да зоврие во мало тенџере и додајте неколку капки оцет. Внимателно искршете по едно јајце за секоја особа во зовриената вода. Покријте го тенџерето веднаш штом ќе ги ставите јајцата. Кога се готови, извадете ги со супена лажица и ставете ги во центарот на сендвичите. Одозгора ставете печени семки од тиква и ќе добиете вкусен и многу хранлив појадок.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.