Чорба од цвекло

Чорба од цвекло (Борш)

Цвеклото е преполно со минерали: железо, калциум, фолна киселина и витамин А.

Треба да јадеме што е можно повеќе цвекло, припремено на различни начини, на пример, во комбинација со зелка. Црвената зелка е богата со флавоноиди. Тоа е ризница на минерали: покрај витамини, содржи калиум, калциум, фосфор, железо, јод и сулфур. Оваа прекрасна комбинација на вкус и здравје, во вид шарена чорба, несомнено ќе ви го разубави денот.

Состојки:

  • половина црвена зелка
  • 3 главици цвекло со средна големина
  • 1 главица кромид
  • 3 супени лажици и 1 кафена лажица растително масло
  • сол, бибер, мелен ким
  • 2-3 ловорови лисја
  • малку мајчина душица
  • црвен вински оцет
  • 2 шолји супа од зеленчукова коцка
  • 1 шолја кисела павлака
Чорба од цвекло

Исецкајте ја зелката на ситно, а потоа излупете и исецкајте ги главиците цвекло (носете гумени ракавици ако не сакате да ви се обојат рацете). Потпржете го исецканиот кромид во малку масло, па додајте ги зелката и цвеклото. Пржете со мешање 10-15 минути. Истурете ја супата од коцка, зачинете со сол и бибер и мелен ким по вкус. Може да додадете неколку ловорови лисја и малку мајчина душица. Додајте и малку оцет и варете додека не омекне зеленчукот. Извадете ги ловоровите лисја и сервирајте заедно со голема лажица кисела павлака, која треба да се промеша во чорбата.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.