Буритото е вкусен мексикански деликатес што ќе ве најаде набрзина.
Тоа е хранлив оброк, веројатно затоа што први го правеле северно-мексиканските рудари и овчари. Буритото во основа е богат фил замотан во тортиља (направена од пченично или пченкарно брашно) која е превиткана на долниот крај. Се разбира, ако не сакате да виткате, само замотајте го како палачинка, тоа нема да го промени вкусот. Најголемиот дел од работата е филот, кој е здрав и вегетаријански, направен од леќа (богата со растителни влакна, фолна киселина, омега-3 и -6 масни киселини), домати, (високи нивоа на ликопен и каротен), и авокадо (преполно со полинезаситени масни киселини и витамини А, Ц, Д и Е). Всушност, ова е веганско јадење и толку е хранливо што нема да посакате месо. Совршено е за ручек или вечера.
Состојки:
- 1 пакување тортиљи
- 1 шолја црвена леќа
- 2 главици кромид
- 2 зрели домати
- 1 зрело авокадо
- 1 лимета
- сол, бибер, билки и зачини по вкус: чили, коријандер и ѓумбир
- маслиново масло
Излупете и исецкајте го кромидот на ситно. Почнете со потпржување и веднаш потоа додајте ги зачините за да ја ослободат својата арома. Измијте и исцедете ја леќата, а потоа додајте ја во тавата. Почнете да мешате, додајте доволно вода за да ги покриете состојките и гответе додека не омекнат. Додајте уште од зачините ако сакате да биде позачинето. Кога водата ќе испари, се добива пире од леќа. Во меѓувреме, насечете ги доматите, излупете и исечете го авокадото и исцедете ја лиметата. Подгрејте ги двете страни на тортиљите во сува тава или тепсија. Треба само да подгреете. Ставете неколку супени лажици леќа во центарот на тортиљите, ставете домати и авокадо на одозгора и посипете со сок од лимета. Сега замотајте и превиткајте го едниот крај на тортиљите, а другиот оставете го отворен.
Ако не сте веган, со кисела павлака или рендано сирење ќе го збогатите вкусот, но може и да ги изоставите.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.