Ако ни треба брз десерт, класичната пита со јаболка никогаш не застарува.
Питата со јаболка традиционално се прави од специјални кори за пита, кои може да се купат во продавница ако немаме време да ги сукаме.
За среќа, ова значи дека секогаш може да чувате неколку пакувања во вашиот замрзнувач во случај да ви дојдат неочекувани гости или ако ви се присака благо. Само земете ги од замрзнувачот и почнува магијата.
Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто за пита
- 3-4 големи јаболка
- 55 gr путер
- 1/2 шолја ксилитол
- сок и кора од 1 лимон
- екстракт од ванила
- мелен цимет
- кандирана кора од портокал
- една рака исчистени и исецкани бадеми
Подготовка:
Излупете ги јаболката и исечете ги на мали коцки. Исцедете малку сок од лимон со кој ќе спречите да потемнат.
Поделете го тестото на три дела. Исукајте две третини од тестото до дебелина од околу 3 mm и ставете го во тава, покривајќи го работ. Третиот дел од тестото нека ви биде при рака - ќе ви треба за да ја покриете питата. Кога ќе дојде време, исукајте го тестото, а потоа исечете го на тенки ленти со нож, и ќе ги поставите лентите врз питата како решетка.
Засега, стопете го путерот во тава, а потоа додајте и карамелизирајте го ксилитолот. Додајте ги јаболката и кората од лимон, додајте полна лажица мелен цимет и една супена лажица екстракт од ванила. Згответе ги јаболката на пареа и слободно додајте кандирана кора од портокал, но не грижете се ако немате при рака, може да го замените со суво грозје или да го изоставите.
Ставете го филот од јаболка во корите и посипете исечени бадеми. Потоа додајте ги парчињата кори како решетка. Печете во рерна на 175 степени, питата ќе се испече за 30 минути.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.