Тиквичките се еден од најпопуларните зеленчуци. Овој познат нискокалоричен зеленчук, со високо количество на влакна може да го купите во скоро секоја сезона. Тиквичките се разноврсен зеленчук, па на пример, може да ги полните поголемите парчиња, како што предлага овој рецепт.
Состојки:
- 4 тиквички
- 2 шолји мелено месо од мисирка
- 1 голема главица кромид
- ставете сол и бибер по вкус
- магдонос
- маслиново масло
- 3/4 шолја 2 супени лажици кисела павлака или јогурт
- 200 gr моцарела сирење
Испржете го кромидот во тава. Додајтего месото од мисирка и ставете сол и бибер по вкус. Ако сакате да експериментирате, додајте црвен пипер. Кога ќе завршите со готвење, зачинете со магдонос. Исечете ги тиквичките на половина по должина и со лажица извадете ја средината за да добиете отвор во вид на чамец. Истурете малку јогурт или кисела павлака во долниот дел на чамците, а потоа ставете еден слој месо од мисирка, повторно покријте со кисела павлака и посипете доста рендана или сецкана моцарела. Откако ќе ги наполните чамците од тиквички, ставете ги во тава и печете ги 40 минути на 175 степени во претходно загреана рерна. Кога ќе ги сервирате, слободно додајте уште малку кисела павлака или јогурт.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.