Банана леб со орев

Банана леб со ореви

Бананите се богати со калциум, калиум и магнезиум. Поради високото количество на растителни влакна, тие го помагаат варењето на храната.

Бананите дури може да го подобрат вашето расположение затоа што содржат есенцијална аминокиселина наречена триптофан. Високото количество на шеќери дава брза енергија, што објаснува зошто спортистите и канцелариските работници сакаат да јадат банани. Но, колку и да изгледаат совршени во маркетот, тие може да го променат вкусот  кога ќе потемнат и омекнат во корпата за овошје. Сепак, токму тогаш е моментот да ги искористиме за леб од банана, кој е совршен за појадок или закуска. Дури и ќе ги замениме нездравите состојки и ќе го направиме лебот малку поздрав. Препорачуваме интегрално брашно наместо обично бело брашно и шеќер од шеќерна трска наместо бел шеќер.

Состојки:

  • 2 или 3 зрели/меки банани
  • 1 шолја обичен јогурт
  • 1 3/4 шолји интегрално брашно
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 кафена лажица прашок за пециво
  • малку сол
  • 1 кафена лажица мелен цимет
  • 3/4 шолја шеќер од трска
  • 7 супени лажици омекнат путер
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила
  • 2 цели јајца
Банана леб со орев

Во длабок сад измешајте го брашното со сода бикарбона, прашок за пециво, сол и цимет. Во друг сад испасирајте ги бананите со виљушка. Исецкајте ги оревите на крупни парчиња со сецко или толчник. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот додека не станат кремасти, а потоа додајте и измешајте ги јајцата. Додајте ги пасираните банани и јогуртот во смесата со путер, а потоа ставете ги смесата со брашно и сецканите ореви. Истурете ја смесата во тава за леб подмачкана со путер и попрскана со брашно. Печете во претходно загреана рерна на 175 степени околу еден час. По околу 40-45 минути лебот треба да се покрие со алуминиумска фолија за да се избегне загорување на горниот дел. Не мора да чекате да се олади целосно, но ако го сторите тоа, сервирајте со путер и џем. 

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.