Кога времето е жешко, сѐ што ви треба се течности, и тоа во големи количини.
По можност, дури и храната треба да биде во течна форма. Во такви моменти, најдобро е да се избере зеленчук што сам по себе освежува: на пример, краставиците. Поради нивната голема содржина на вода краставиците се исклучително корисни за вашето здравје. Тие помагаат во чистење на телото од токсини, но исто така ќе ве снабдат со витамините Б и Ц, а богати се и со силициум, калиум и магнезиум. Оваа чорба е готова додека да трепнете, а добивате прекрасен летен оброк.
Состојки:
- 2 шолји јогурт
- 1 краставица со средна големина
- 1-2 чешниња лук
- маслиново масло
- сол
- 100 грама мелени ореви
- свеж копар
Подготовка:
Излупете и изрендајте ја краставицата и додајте 1-2 чешниња ситно сецкан лук и 2-3 супени лажици маслиново масло. Додајте сол по вкус, а потоа измешајте во две чаши обичен јогурт и мелени ореви и на крај две-три супени лажици ситно сецкан копар. Оладете, а потоа сервирајте во шолја. Може да комбинирате со потпечено парче леб, но и без додатоци, ќе имате убаво освежувачко летно јадење.
Извор:
Anyakanyar (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.