Залаци со песто од цвекло

Залаци со песто од цвекло

Јадењето на некои супер здрави зеленчуци треба да биде задолжително и треба да ги јадеме многу повеќе.

Досега имавме повеќе рецепти за подготовка на цвекло. Цвеклото е преполно со минерали, со железо, калциум, фолна киселина и витамин А. . Треба да го вклучите во што е можно повеќе рецепти и да го јадете многу често. Печеното цвекло со балсамов оцет е одличен гарнир. Може да се јаде и како супа, а во комбинација со чоколадо добивате прекрасна торта. Но, малу луѓе го користат како основна состојка за песто. Се разбира, тоа е малку поразлично од традиционалното песто. Наместо да правиме јадење со шпагети, но препорачуваме да го намачкате на потпечено парче леб или да го сервирате со крекери кога правите забави.

Состојки:

  • 450 gr цвекло
  • 3/4 шолја ореви
  • 2 супени лажици обработен рен
  • ставете сол и бибер по вкус
  • 1-2 супени лажици маслиново масло
Залаци со песто од цвекло

Подготовка:

Темелно измијте ги главиците цвекло, добро истријте ги, а потоа печете ги во рерна покриени со алуминиумска фолија додека не омекнат. Земете ги со вилушка и излупете ги главиците, па оставете да се оладат. Во меѓувреме потпечете ги оревите во сува тава или тепсија. Оревите и изладеното цвекло ставете ги во блендер, додајте го маслиновото масло и две супени лажици обработен рен од тегла. Зачинете со сол и бибер, па направете ја смесата пире во блендер и со лажица ставете ја во тегли. Се мачка на солени крекери и се гарнира по вкус: може да додадете малку козјо сирење, тенки парчиња ротквица, никулци или печени пињоли. Уживајте во лесните и вкусни залаци.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.