Унгарска пилешка рагу чорба со индиски додатоци

Пилешка рагу чорба со индиски додатоци

Зборот „кари“ збунува многу луѓе затоа што често означува чорба, но кари е и зачинот.

На Далечниот исток се користи 2500 години, а после толку време почна да се користи и во Европа. Убаво се комбинира со оброците во кои нормално не би ги ставиле, на пример, во пилешката рагу чорба.

Состојки:

  • 1 парче пилешки гради
  • 2 моркова
  • 1 пашканат
  • парче корен од целер
  • 100 gr грашок
  • 100 gr печурки
  • неколку млади кромитчиња
  • 200 gr млечен крем (крем за кафе) или кокосово млеко 
  • маслиново масло
  • сол, бибер, кари во прав
  • свеж магдонос
  • 1 кафена лажица пченкарен скроб
Унгарска пилешка рагу чорба со индиски додатоци

Излупете го младиот кромид, измијте и излупете го другиот зеленчук и насечете ги пилешките гради. Започнете со потпржување на младиот кромид и додајте го пилешкото и зеленчукот. Додајте малку сол, а потоа промешајте додека месото не стане бело. Додајте вода што ќе ги покрие состојките околу 7-8 cm, а потоа зачинете со бибер и кари во прав. Покријте со капак за месото и зеленчукот да омекнат, а доколку е потребно, додајте уште вода. Кога е речиси готово, ставете малку пченкарно брашно во кремот или малку кокосово млеко и додајте ја смесата во супата. Исечете малку свеж магдонос и ставете во супата. Сервирајте додека е жешко.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.