Кога ќе ви се пријаде слатко, нема како да го потиснете чувството, мора да каснете чоколадо.
На еден или друг начин, чоколадото навистина нè прави среќни. Неколку коцки чоколадо може да им помогнат дури и на оние кои се на диета, затоа што така го заситувате апетитот за благо и што е уште поважно, високото количество на железо и фосфати е добра за организмот. Ако изедете повеќе, може да се почувствувате еуфорично. Неколку коцки чоколадо може да помогне пред испитите и секогаш кога ни треба концентрација: стимулирачкиот ефект на кофеинот и теоброминот резултира во подобар проток на крв и зголемена концентрација.
Задоволство ми е што можам да ви откријам рецепт за торта што е првенствено чоколадна, но сепак е лесна за правење и за да ја поедноставиме, ќе ја испечеме во калап за мафини. Ако имате хартиени калапи за мафини, искористете ги нив и воопшто нема да има садови за миење. Времето за печење е кратко, па ако ги имате состојките, дури да трепнете ќе добиете торта во која ќе уживате.
Состојки: (за 12 мафини)
- 100 gr темно чоколадо (60-70%)
- 100 gr путер
- 1/2 шолја шеќер од трска
- 1 шолја брашно
- 2 супени лажици незасладено какао во прав
- 3 големи јајца
- 1 кафена лажица екстракт од кафе (или 3,5 супени лажици кафе)
- 4-5 супени лажици густ џем од кајсии
- 55 gr зрна чоколадо
Подготовка:
Скршете ја чоколадата на коцки и исечете го путерот на коцки. Стопете ги двете состојки во двојно тенџере на пареа. Ставете две јајца во сад за мешање и додајте го шеќерот. Матете додека смесата не стане кремаста. Додајте го кафето (или екстрактот), внимателно додајте ги брашното и какаото во прав, потоа додајте го џемот од кајсии и добро измешајте. Во меѓувреме, тргнете ја растопената чоколада со путер од ринглата и изладете ја малку, но не ја оставајте да се стврдне. Откако ќе се олади малку, брзо измешајте ја во смесата со јајца и ставете ја смесата во хартиените калапи поставени на калапот за мафини. Посипете го врвот на секој мафин со 6-8 зрна чоколадо - ова ќе ги намами и очите и непцето.
Печете во рерна 20-25 минути на 175 степени. Кафето го збогатува вкусот на чоколадото, а џемот од кајсии ќе ги направи мафините меки и кремасти и ќе спречи да се исушат.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.