Мини палачинки од банани

Мини палачинки од банани

Ако сте алергични на глутен, ако сте на диета, или едноставно сакате да се храните здраво, добро е да се запрашате и да размислите какви закуски јадете. На пример, какво брашно користите.

Дали знаевте, на пример, дека бананите се совршена состојка за палачинки? Особено ако имате банани кои малку потемниле, како што е често случај во моето домаќинство, ова е одличен начин да ги искористите. Сè што треба да направите е да ги направите кремасти, така што ќе ги изматите со јајца и да ги зготвите како мали палачинки. Заборавете на палачинките што треба да се превртуваат и или на тенките палачинки што мора да се мотаат. Наместо нив, сервирајте мали кружни палачинки со домашен џем или крем сирење.

Состојки (за 3-4 порции):

  • 3 зрели/меки банани
  • 1 шолја и 5 супени лажици млеко
  • 3 јајца, одвоени
  • малку растително масло или стопен путер
  • 3-4 супени лажици гриз или мелен ориз
Мини палачинки од банани

Подготовка:

Ставете 3-4 супени лажици мелен ориз (или гриз) во длабок сад, а потоа додадете доволно млеко да го покрие оризот. Испасирајте ги бананите во истиот сад, а потоа додајте ги жолчките. Мешајте додека смесата не стане кремаста. Изматете ги белките од јајцата додека не станат кремасти и ставете ги во смесата. Загрејте малку путер (или масло) и истурете мали кругови од тестото во тавата. Со дрвена шпатула обидете се да ги подигнете рабовите на малите палачинки за да видите дали се готови. Ако малку подзагорат, ќе имаат уште поубав вкус, но внимавајте - поради високото количество на шеќер, бананите лесно загоруваат. Не оддалечувајте се од шпоретот: вметнете ја дрвената шпатула под нив и внимателно превртете ги. Гответе ги додека не се готови и од двете страни.

Сервирајте со цимет, џем или свежо овошје. Добар апетит! Здрав и хранлив појадок, а сепак без глутен и шеќер.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.