Кога немате време да готвите и ви треба брз ручек или вечера, пилешкото е многу добра опција. Скоро секој сака пилешко, а пилешките гради се приготвуваат најбрзо.
Може да се зготват во многу варијанти, а со овој рецепт ќе ги направите на италијански начин. Домати, моцарела и песто - готово за минутка! Со ова јадење дома го носиме топлото италијанско сонце.
Состојки:
- 4 пилешки гради
- 3-4 супени лажици црвено песто
- 3-4 домати
- 8-10 парчиња моцарела
- маслиново масло
- ставете сол и бибер по вкус
Подготовка:
Исечете ги пилешките гради на долгнавести парчиња со дебелина од 2,5 cm и зачинете со сол и бибер. Ставете ги парчињата пилешки гради во поголема плитка тепсија намачкана со маслиново масло. Премачкајте го секое парче со црвено песто, одозгора ставете ги парчињата домати и покријте со моцарела. Печете 50 минути на 175 степени. Сервирајте со ориз, компири или салата.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.