Чоколадни мафини со цвекло

Чоколадни мафини со цвекло

Постои зеленчук што не го добива вниманието што го заслужува.

Но, штом ќе го засакате вкусот на цвекло, ќе станете зависни од него. Постојат безброј вкусни начини за приготвување. Постојат повеќе рецепти за супа од цвекло. Може да го испечете со балсамов оцет и ќе добиете одличен гарнир. Ако го рендате свеж и го измешате со рен, може да го сервирате како гарнир со месо. А ако го готвите со јаболка и зачини, ќе добиете одличен прелив. За крај, може да го испечете како колачи и на тој начин да ги намамите членовите на семејството што не му се наклонети. Само запомнете: цвеклото остава боја, па затоа не користете ги најубавите садови што ги имате. Исто така, може да ги обои рацете или облеката, затоа бидете внимателни! Сепак, резултатите ќе ве остават без здив!

Состојки:

  • 450 gr цвекло
  • 2/3 шолја путер
  • 4 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 1/4 шолји брашно
  • малку сол
  • 2 кафени лажици прашок за пециво
  • 50 gr незасладено какао во прав
  • екстракт од ванила
  • 150 gr зрна чоколадо
Чоколадни мафини со цвекло

Подготовка:

Темелно измијте ги главиците цвекло и ставете ги на шпорет да се варат. Кога ќе омекнат, оставете ги да се оладат и излупете ги. Стопете путер и оставете го да се олади. Додајте го цвеклото и направете го пире со рачен блендер. Изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат кремасти, а потоа измешајте ги во пирето од цвекло. Во длабок сад измешајте го брашното со сода бикарбона, прашок за пециво, сол и какао во прав, а потоа смешајте со смесата од цвекло. Ситно исецкајте го темното чоколадо (или изрендајте го) и додајте го во смесата. Со лажица ставајте од смесата во калап за мафини, но ако употребите правоаголна тепсија ќе може да го исечете на коцки. Печете во рерна на 175 степени околу еден час.

Ова е невообичаен десерт за целото семејство, и благодарение на цвеклото, мафините ќе останат свежи со денови.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.