Еден од основните принципи на разноврсната исхрана е дека не треба да се навраќате само на јадењета на кои сте навикнале.
На пример, треба да бидете спремни да пробате спанаќ како салата, со прекрасните свежи зелени лисја, полни со хлорофил, фолна киселина и калиум - сè што ви треба како основа за салата. Јагодите, не само што се вкусни, туку се и неверојатно здрави. Искомбинирајте ги овие две супер состојки, зелена и црвена; додајте неколку додатоци и ќе добиете неверојатно вкусна салата!
Состојки:
- 170 gr млад (беби) спанаќ
- 280 gr свежи јагоди
- 150 gr сино сирење
- 80 gr солени кикиритки
- балсамов оцет или оцет од малини
- мед
- маслиново масло
Подготовка:
Измијте и исцедете го младиот спанаќ. Исчистете ги јагодите, а потоа исплакнете ги под млаз вода и исечете ги на половина (или на четвртини, ако се големи). Измешајте ги со младиот спанаќ. Во сад за суфле направете го преливот: балсамов оцет со кафена лажица мед (силно препорачуваме да го пробате и оцетот од малини!) и капка маслиново масло. Ставете од преливот врз порциите салати. Изронете малку сино сирење одозгора и посипете со солени кикиритки, печени во тава. Квартетот од јагоди, спанаќ, сино сирење и печени кикиритки резултира во изненадувачка хармонија со вкусови, па ќе добиете лесно и необично јадење.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.