Фетучини со лосос и спанаќ

Фетучини со лосос и спанаќ

Спанаќот и лососот се одлична комбинација.

Не се знае зошто, но едно е сигурно - розевиот лосос често се комбинира со светлозелениот спанаќ. Можеби само затоа што се добива убав изглед. Како и да е и двете состојки се исклучително здрави. На пример, лососот е исклучително богат со омега-3 масни киселини. Спанаќот, пак, е преполн со фолна киселина и калиум, како и витамин А и хлорофил. Кога подготвуваме спанаќ, мора да бидеме претпазливи да не ги изгубиме сите хранливи материи при готвењето. Овој рецепт ви помага да го постигнете тоа.

Состојки:

  • 450 gr фетучини
  • 50 gr путер
  • маслиново масло
  • ставете сол и бибер по вкус
  • 225 gr филети од лосос
  • 225 гр млад (беби) спанаќ
  • 1 лимон
Фетучини со лосос и спанаќ

Гответе ги тестенините во зовриена солена вода и исцедете кога ќе се зготвени. Измијте го лососот, а потоа насечете го во коцки со ширина од околу 2,5 cm. Додајте бибер и сол, а потоа пржете го во врела мешавина од путер и маслиново масло додека не се формира кора. Ставете го лососот во тањир со шпатула. Додајте го сокот и кората од лимон во тавата подмачкана со путер, додајте ги исцедените тестенини и проверете дали се целосно покриени со смесата од лимон. Додајте неколку лажици од водата во која се готвеа тестенините и додајте го беби спанаќот. Измешајте ги листовите од спанаќот со тестенините, така што тие ќе омекнат, но да не ја изгубат светлата боја. На крај, повторно додајте ги коцките лосос и сервирајте.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.