Дали би сакале креативна замена на сендвичот со шунка и јајца? Ако е така, замрзнатото тесто е вистинскиот избор за вас.
Не треба ни да го размрзнувате. Само земете го од замрзнувачот и за час ќе ги приготвите мини питите, по што само ставете ги во рерната. Додека се печат, ќе има доволно време да уживате во шолја кафе - или да се подготвите за на работа. Јаглехидратите се совршени за појадок. А заради високото количество на протеини во шунката и јајцата, овие мини пити се вистинска енергетска бомба.
Состојки:
- 1 пакување замрзнато лиснато тесто
- никулци од ротквица, власец или рукола
- 8 парчиња шунка
- ставете сол и бибер по вкус
- 8 цели јајца
Исукајте го тестото во голема коцка и исечете ги краевите со остар нож. Пресечете го тестото на осум еднакви коцки, или помалку, во зависност од бројот на членови во семејството и од тоа колкав им е апетитот. Поставете ги парчињата лиснато тесто во сад за мафини. Нежно притиснете го центарот на секоја коцка за краевите и ќошевите да се издигнат нагоре. Ставете парче шунка на секоја коцка и скршете јајце врз шунката. Ставете сол и бибер по вкус. Печете 15 минути на 175 степени. Кога ќе се испечат, ставете никулци од ротквица, власец или рукола одозгора. Појадокот е готов!
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.