Крем супа од летен вргањ со песто од сончоглед

Крем супа од летен вргањ со песто од сончоглед

Состојки (за 4 лица):

  • 1 главица кромид
  • 2 шолји бело вино
  • 1/3 шолји печурки летен вргањ
  • 3 стебленца мајчина душица
  • 100 gr зеленчукова супа
  • 3 1/3 супени лажици сончоглед
  • 3 супени лажици и 1 кафена лажица сончогледово масло
  • 3 1/3 супени лажици пармезан
  • 20 gr свеж босилек
  • 10 gr свежа жалфија
Крем супа од летен вргањ со песто од сончоглед

Подготовка:

Карамелизирајте го исецканиот кромид 35-45 минути на тивок оган со малку маслиново масло. Ставете сол и бибер по вкус, потоа додајте го белото вино. Оставете нека врие неколку минути, додавајќи ги исецканите печурки и сецканата мајчина душица, и гответе на висока температура додека не станат кафени со кромидот. Потоа, истурете ја супата и оставете да се вари кратко време. Со рачен блендер изблендирајте ја супата, а потоа притиснете низ цедалка за да не останат парчиња. Пестото почнете го со печење на сончогледот во сува, многу жешка тава, а потоа истолчете го сончогледот со сончогледово масло, пармезан, босилек и жалфија. Кога ја сервирате супата, додајте и малку песто.

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.