Пита со спанаќ

Киш со спанаќ

Сите имаме некои фрустрации во кујната. На пример, постојат типови тесто што се многу сложени за правење или сè што вклучува квасец.

Звучи како клише, но кога ќе пробате да го направите, ќе сфатите дека не е ништо страшно. Но, од моментот кога познатите готвачи како Гордон Ремзи или Џејми Оливер нè уверија дека нема ништо лошо во тоа да се користи лиснато тесто - напротив: тоа е генијален трик за заштеда на време - веќе не ни е проблем да купуваме такво тесто. Од таквото тесто може да се направи вкусна топла вечера за неколку минути. И, ако го направите со зеленчук, сте направиле голем чекор кон здрава исхрана, богата со растителни влакна.

Кишот е многу популарен во Франција, готов е за печење за само 20 минути. Може да ја правите секогаш кога ви треба јадење набрзина или кога на вечера ви доаѓаат пријатели. Може да направите безброј варијанти според тоа кои состојки ги имате по дома. Може да комбинирате спанаќ со овчо сирење или фета, но слободно искористете каков било зеленчук.

Состојки (за 4 лица):

  • 250 gr замрзнато лиснато тесто
  • 1 пакување спанаќ
  • 1/2 шолја овчо сирење
  • 1 супена лажица растително масло
  • 1 јајце
  • 1/3 супена лажица млечен крем (крем за кафе)
  • 30 gr тврдо сирење
  • босилек, рузмарин
  • ставете сол и бибер по вкус
  • маргарин
Пита со спанаќ

Подготовка:

Извадете го лиснатото тесто од фрижидер и оставете го да се одмрзне. Исукајте го тестото на дебелина од околу 3 mm и ставете во тава, покривајќи го работ. Испечете го тестото како што е, со тоа што ќе го потиснете горниот дел од тестото додека се пече, потоа намачкајте ја кората со изматено јајце. Вратете во рерната и печете уште 4 минути.

Омекнете го спанаќот со една супена лажица масло а потоа додајте ги овчото сирење, јајцето и млечниот крем. Кога е готово, оставете да се олади. Изрендајте го сирењето во смесата, потоа зачинете со сол, бибер, босилек и рузмарин по вкус. Ставете ја смесата врз испеченото тесто и печете во рерна на 175 степени околу половина час.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.