Нема никаков недостаток на колачиња од интегрално брашно во маркетите, но многу е лесно да се направат и дома.
Овесот е исклучително богат со витамини Б и Е, железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум. Ви дава енергија, а истовремено прави да се чувствувате најадени. Има безброј други здравствени придобивки, дури и возрасните не треба да се воздржуваат - разграбајте ги колачињата!
Состојки (за 25-30 колачиња):
- 1 шолја путер
- 2 шолји овес
- 1 1/3 шолја шеќер од трска
- 2 3/4 шолји интегрално брашно или брашно од спелта
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 3/4 шолја 2 супени лажици кисела павлака или јогурт
- ситно сецкано темно чоколадо (или зрна темно чоколадо)
- слатко од кора од портокал
- или ситно сецкани суви сливи, кајсии или боровинки
Подготовка:
Стопете го путерот, натопете го овесот во него и добро промешајте, а потоа оставете да се олади.
Во меѓувреме, измешајте ги сувите состојки: шеќерот од трска, брашно од спелта и сода бикарбона. Ако сакате, зачинете со ванила или мелен имет, но ќе бидат вкусни и ако ги изоставите овие состојки. Додека овесот со путер се лади, исецкајте го чоколадото или сувото овошје - било тоа да се сливи, кајсии, брусница или слатко од кора од портокал, ако имате. Додајте ја смесата од овес во сувите состојки, а потоа со брзи движења измешајте ја киселата павлака. Ќе добиете густо тесто, на кое треба да ги додадете сецканото чоколадо и/или овошје. Ставајте по една полна супена лажица од тестото на тепсијата покриена со хартија за печење. Тестото ќе се израмни и ќе зафаќа поголемо место, затоа осигурете се дека се доволно раздалечени. Ќе треба да печете два-трипати за да го испечете целото тесто. Печете во претходно загреана рерна на 205 степени, околу 10-15 минути. Ако ги ставите во тегла, ќе останат свежи и вкусни со седмици.
Може да експериментирате со нови варијанти на вкус секоја седмица - пробајте снегулки од кокос или мелени бадеми. Овие колачиња се неверојатно задоволувачка и хранлива закуска.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.