Говедска чорба со пржен ориз

Говедска чорба со пржен ориз

Нема ништо подобро од тоа само да нафрлите неколку состојки во сад, да ги ставите во рерна и да не се грижите за јадењето додека не дојде време да го извадите од рерна.

 Искрено, треба малку подготовка, но може да работите паралелно. Се разбира, рерната го завршува најголемиот дел од работата додека вие ги вршите другите дневни активности - можеби сакате да одморите, да читате или да вежбате.

Состојки:

  • 600 gr говедско месо
  • 1 2/3 шолја ориз 
  • 2 моркова
  • 1 шолја печурки (свежи или конзервирани)
  • 1 страк праз
  • 10-12 црни маслинки
  • ставете сол и бибер по вкус
  • свеж магдонос
  • маслиново масло
Говедска чорба со пржен ориз

Ставете го оризот да се готви во 3 1/2 шолји, малку солена вода и тргнете го кога ќе биде речиси готов. Во меѓувреме излупете го и исечете го зеленчукот и исечете ги маслинките. Измијте, исецкајте и згответе го месото во малку маслиново масло додека не стане бело и не почне да испушта сок. Ставете сол и бибер по вкус, а на средина на готвењето, додајте го зеленчукот и варете го уште малку пред да го додадете оризот. Измешајте сè заедно.

Ставете ги сите состојки во сад за печење и одозгора посипете парчиња маслинки. Печете во рерна на 175 степени околу еден час. Пред да сервирате, посипете свеж магдонос одозгора и уживајте во овој шарен, вкусен, одличен оброк.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.