Овесот е извор на нерастворливи растителни влакна заради кои подолго време се чувствувате сито, што го прави овесот да биде омилен главен дел на нискокалоричните диети.
Може да се додаде секакво овошје: на пример банани, рендани јаболка или круши. Така, шумските овошја го претвораат оброкот во колаж од бои што изгледа и многу вкусно, а дополнително ќе ви помогнат да го почнете денот со доволно антиоксиданти. Ако нема свежи шумски овошја, можете да употребите замрзнато овошје. Најдобро е да ги оставите да одмрзнат во цедалка преку ноќ за да бидат убави и подготвени за појадок.
Состојки:
- 1 шолја и 5 супени лажици млеко
- 2 шолји овес
- 2 шолји шумско овошје
- цимет
- 2 супени лажици мед
Во мало тенџере ставете млеко и исто толку вода да зовријат а потоа намалете го оганот. Додајте ги овесот, медот и циметот и гответе додека не омекнат. Сервирајте со шумско овошје одозгора и попрскајте уште малку мед по желба.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.