Уште старите грци консумирале стебленца целер, кои, како и многу други растенија и овошја, прво се користеле како лековити билки.
Не е ни чудо, со оглед на неговото големо количество на вода и растителни влакна, и следствено на тоа, неговата нискокалоричност (едно стебленце има 6 калории). Покрај горенаведеното, целерот богат е со магнезиум, калциум, калиум и натриум.
Стеблото целер, иако е крцкаво кога е свежо, е помеко и има посилен вкус од коренот. Има причина зошто, во филмовите, често служат коктели со стебленце целер, особено со Блади Мери. Целерот се препорачува ако сте на детоксикација или диета за слабеење, со оглед на тоа што го чисти и детоксицира вашето тело.
И што мислите, кој е најдобриот начин на консумација? Малите стебленца обично се помеки, тие може да се исечат веднаш откако добро ќе ги измиете. Измијте ги и поголемите стебленца и искинете ги на парчиња.
Стебленцата од целер се совршена основна состојка за салати! Ако не сте љубител на краставици, а ви досади зелената салата, почнете да консумирате стебленца од целер - нема да зажалите! Многу добро се комбинираат со повеќе видови овошје: покрај јаболка и круши, може да се комбинираат и со ананас (конзервиран или свеж). Но, целерот не е пребирлив, подеднакво добро се комбинира и со рендани моркови, зрна пченка, сочни сирења (рендани или издробени фета или горгонзола), или со друга здрава храна, рибата (особено туна и лосос). А кога станува збор за салати, нема никакво ограничување.
Состојки (за 4 лица):
- една рака стебленца целер
- 1 зелена салата
- 2 јаболка со средна големина
- 1 шолја ореви
- една рака суво грозје
- балсамов оцет, маслиново масло
Подготовка:
Искинете ги поголемите стебленца целер и исецкајте ги на кругчиња. Измијте и исецкајте ги малите стебленца, потоа пресечете ги на половина. Измијте ја зелената салата и одвојте ги лисјата еден по еден. Измијте ги јаболката и насечете ги на парчиња. Ставете лисја од марулата на дното на садовите. Во длабок сад измешајте ги целерот, јаболката, оревите и сувото грозје, а потоа додајте маслиново масло и балсамов оцет по вкус. Смесата ставете ја врз листовите од зелена салата во садовите и сервирајте.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.