Состојки (за 4 лица):
- 4 пилешки гради со кожа
За маринадата:
- 3 супени лажици и 1 кафена лажица оцет
- 5 супени лажици шеќер
- 2 ловорови лисја
- 3 чешниња мелен лук
- 10 парчиња цел бибер
- 1 3/4 шолја вода
Зеленчук за пржење:
- 3/4 шолји тиквички
- 3/4 шолји печурки
- 3/4 шолји модар патлиџан
- 6 чешниња лук
- 3 стебленца мајчина душица
За пирето:
- 3 1/3 шолји компири
- 1 1/4 шолја полномасно млеко
- 55 gr путер
Подготовка:
Испржете ја прво страната со кожа на пилешкото, потоа превртете го и пржете го малку подолго. Печете уште 10 минути на 250 степени. Бланширајте го сезонскиот зеленчук неколку секунди во малку солена вода што врие. Во меѓувреме, измешајте ги состојките на маринадата со малку сол, а потоа истурете го преку бланшираниот зеленчук. Испржете ги долгнавестите парчиња зеленчук на висока температура, со малку сол, мајчина душица и неизлупен лук. Кога ќе завршите, исцедете неколку капки сок од лимон во зеленчукот. Варете ги компирите со лушпа, потоа излупете ги и испасирајте ги додека сѐ уште се топли. Направете ги пире со рачен блендер, додавајќи малку сол и жешко млеко и путер. Пирето ставете го во средина на тањирот, потоа пресечете ги пилешките гради на 3 до 4 парчиња и ставете ги врз пирето. На крај, додајте го маринираниот пржен зеленчук.
Здраво готвење
Zoltán Herceg, консултант за храна:
„Здраво готвење во домашни услови е полесно отколку што мислите. Користете јаглехидрати со малку калории, ограничена количина на растително масло богато со омега-3 масни киселини и потрудете се да ги готвите состојките кратко, на помала температура. На тој начин се зачува нивната природна хранлива вредност и витамините. Користете само свежи, проверени состојки без додатоци. Исфрлете сè што е генетски модифицирано или третирано со хормони.“
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.