Палачинките не се баш лесна храна, но ако ги замените некои состојки со поздрави алтернативи, на пример ако употребите интегрално или оризово брашно, тогаш тоа е многу подобро.
Ако не ви се допаѓа оваа идеја, направете ги тенки и лесни. Со оглед на тоа дека станува збор за солени палачинки и нема да бидат преполни со благ фил, нема да бидат толку калорични. А може да ги направиме и уште подобри!
Коренестиот зеленчук е одличен извор на хранливи материи. Хлорофилот од листовите има детоксификациски и алкални својства. Исто така, содржи високи нивоа на калциум и ги збогатува нашите тела со други минерали. Многу луѓе се воодушевуваат кога ќе го слушнат зборот „спанаќ“. Очигледно, Попај му направи добра реклама, но има уште многу да се каже за спанаќот! Освен тоа што изобилува со фолна киселина и калиум, беби спанаќот може да се подготви на многу различни начини - и е исклучително вкусен! Ајде подетално да го проучиме беби спанаќот. Во продавниците за храна ќе го најдете веднаш до руколата и поточарката, што веќе навестува дека од него ќе направите одлична салата ако го исецкате и смешате со различни видови зеленчук, домати, ротквици, краставици, бабури. Супер е и кога се користи како фил за палачинки.
Состојки:
- 12-15 палачинки
- 1 пакување млад (беби) спанаќ
- 200 gr фета сирење
- 1/3 шолја пињоли
- маслиново масло
- бел бибер
Направете ги палачинките, во меѓувреме исечете го фета сирењето на мали коцки. Испечете ги пињолите во сува тава или тепсија и ставете ги посебно во сад. Додајте малку маслиново масло во тавата и пржете го беби спанаќот додека не омекне. Додајте само бел бибер, без сол - фетата е доволно солена. Измешајте го омекнатиот спанаќ со насечената фета. Намотајте ги палачинките со смесата и посипете пињоли одозгора. Ќе добиете лесна и вкусна вечера.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.