Постои торта на која многу луѓе во Источна Европа ја гледаат со сомнеж и мислат дека нема убав вкус, иако таа е фаворит во Америка.
Нема вкус на моркови, и иако многу луѓе мислат дека морковите се здрави, во нив нема витамини кога ќе ги испечете во рерна. Но, оваа варијанта користи помалку брашно од повеќето рецепти, дури половина од потребното брашно го заменуваме со мелени бадеми или ореви. Благодарение на јаткастите плодови и големото количество на морков, тортата нема да се исуши - ќе има свеж вкус долго време. За овој рецепт е потребен прелив од крем сирење, но може да се употреби и обичен шлаг. Една мала тајна: ептен е лесна за правење... Има само еден трик што треба да го знаете: најпрво подгответе ги сите состојки. Не грижете се ако искористите многу садови, тие значително ќе го олеснат мешањето. Ќе ги измиете додека се пече тортата!
Состојки:
- 2 шолји моркови
- една рака суво грозје
- 1 шолја шеќер од трска
- 1 1/3 шолји мелени бадеми (или ореви)
- 1 шолја и 2 супени лажици млеко
- 1 кафена лажица прашок за пециво
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 1 кафена лажица мелен цимет
- 1 кафена лажица мелен ѓумбир
- малку сол
- 4 цели јајца
- 1 шолја растително масло
- 1 шолја (две пакувања од 210 gr) крем сирење
- 3 супени лажици путер во прав
- 100 gr млечен крем (крем за кафе)
Измијте и изрендајте ги морковите, измијте и исцедете го сувото грозје. Во голем сад измешајте ги сувите состојки, потоа додајте и измешајте ги јајцата едно по едно. На крај, додајте го маслото и мешајте додека смесата не стане кремаста. Малку по малку, додавајте ги морковите, а на крај додајте го сувото грозје. Печете во калап за торта од 25 cm (или правоаголен). Печете во рерна 45-50 минути на 175 степени. Оставете да се олади додека го правите преливот. Измешајте го крем-сирењето со малку шеќер во прав, екстракт од ванила и млеко или павлака додека смесата не стане кремаста, а потоа половина намачкајте ја врз тортата. Остатокот ставете го во фрижидер, а кога ќе стврдне намачкајте го на тортата. Декорирајте со вилушка, и слободно гарнирајте со цимет, посипете шарени мрвици, половинки ореви или украси за торта во форма на морков.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.