Треба повеќе да јадеме цвекло, тоа е преполно со минерали: железо, калциум, фолна киселина и витамин А.
Треба да го испробаме во што повеќе различни форми и да го јадеме што е можно почесто. Може да направиме супа од цвекло, да го комбинираме со чоколадо за да добиеме вкусна торта, да го користиме како основна состојка за салата и да го сервираме печено како гарнир. Бојата на ова јадење е малку необична, но многу лесно се подготвува. Колку и да е невообичаен изгледот на прв поглед, јадењето е превкусно. Единствената мана на цвеклото е тоа што обојува сè што ќе допре, затоа внимавајте на вашите раце, облека и садови. И покрај тоа, резултатот ќе биде толку добар, што ќе заборавите на малата непрактичност.
Состојки:
- 2 1/4 шолји ориз
- 4 големи главици цвекло
- 1 мала главица кромид
- 3/4 шолји печурки
- маслиново масло
- ставете сол и бибер по вкус
- пилешка супа
- 100 gr млечен крем (крем за кафе)
Темелно измијте го цвеклото, а потоа ставете го да зоврие (неизлупено). Кога ќе се олади, внимателно излупете ги и исецкајте ги главиците на мали коцки. Исчистете и исечете ги печурките и ситно исецкајте го кромидот. Загрејте малку маслиново масло во тава, потпржете го кромидот, додајте и измешајте го оризот, а потоа истурете ја пилешката супа. Ставете сол и бибер по вкус, потоа покријте и гответе додека состојките не омекнат. Кога е готово до пола, додајте ги кремот и насеченото цвекло, па повторно покријте и варете на пареа уште 20 минути. Во мала тава, потпржете ги печурките во малку масло - ова ќе биде преливот за вашето рижото. Доколку сакате, може да додадете и фета сирење. Ќе добиете многу хранливо јадење.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.