Тајландски-полнет-омлет

Тајландски полнет омлет

Овој зачинет омлет (kai yad sai) е многу популарен во рестораните покрај патиштата, а во Тајланд често се јаде за ручек. Во Европа, омлетот повеќе се јаде за појадок. А дефинитивно е одличен појадок!

Состојки:

  • 1/4 шолја растително масло
  • 100 gr посно свинско месо, сецкано на парчиња
  • 2 домати, сецкани на парчиња
  • 4 супени лажици грашок (варен)
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 1/2 супена лажица палмин шеќер (или кафеав шеќер)
  • 1 супена лажица рибен сос
  • 1/4 кафена лажица мелен бел бибер
  • 1/4 кафена лажица темен сос од соја
  • 3 јајца
  • 3 супени лажици свеж сецкан коријандер
  • 1 црвено чили, сецкано на долгнавести парчиња
Тајландски-полнет-омлет

Подготовка:

Во вок тава, загрејте го маслото и гответе го свинското месо 2 минути додека не добие кафена боја. Додајте ги кромидот, грашокот и доматите, а потоа посипете со шеќер и бибер. Истурете ги сосот од соја и рибниот сос и продолжете да пржите со мешање. (Не заборавајте нежно да ја протресувате вок тавата додека готвите, така што храната ќе се меша.) Изматете ги јајцата, ставете масло во тава за омлет и истурете ги јајцата. Кога едната страна на омлетот е готова, внимателно превртете го и испржете ја и другата страна. Кога и двете страни се испржени, ставете го испрженото свинско месо и зеленчук во средината на омлетот, а потоа преклопете ги рабовите на омлетот кон центарот. Оставете мал дел каде ќе се гледа филот. Гарнирајте со чили и свеж коријандер.

Бонус совет:

Додајте рижото и имате комплетен ручек.

Извор:

Pierrot Megkóstolni Ázsiát

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.