Празот е еден од поновите омилени зеленчуци од семејството кромид.
Празот се става во иста категорија со лукот и жолтиот кромид, но тој е значително поблаг и полесен на стомакот и нема да ве расплаче многу за разлика од другите видови кромид. Празот е нискокалоричен, но е богат со провитамин А и витамини Ц и Е, а содржи и широк спектар на минерали. Со други зборови, ја збогатува вашата исхрана без да внесувате многу калории. Супата од праз е совршено јадење и за лето и за зима.
Состојки:
- 1 голем страк праз
- 1-2 компири
- 2 супени лажици путер
- зеленчукова супа
- ставете сол и бибер по вкус
- 2/3 шолја млечен крем (крем за кафе)
- рендано сирење
Подготовка:
Исчистете и насечете го празот, па потпржете го во малку путер. Додајте ги излупените, измиените и насечени компири. Ставете сол и бибер по вкус, потоа истурете ја зеленчуковата супа и варете додека не омекнат компирите. Кога супата е готова, изблендирајте ја со рачен блендер и слободно додајте уште малку млечен крем. Ако сте на строга диета, прескокнете го кремот или ставете јогурт. Така ќе добиете убава варијанта на супата, што ја прави уште повкусна. Сервирајте со рендано сирење или козјо сирење. Ако не сте на диета, додајте пржени коцки леб со путер! Добар апетит!
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.